Есад Рахиќ нов директор на затворот во Шутка


Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристески и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор. Тогаш Заев побара оставка од Котевски. Оставката му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор […]

Ахмети ги разреши сите претседатели на партиските ограноци на ДУИ


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вонреден состанок на партијата одлучи да ги разреши сите претседатели на партиските ограноци. Според одлуката ниту еден од разрешените претседатели нема право повторно да се кандидира за истата позиција. До изборот на новите претседатели назначени се координатори за секој огранок.  

Џафери и Бабиш очекуваат позитивна одлука во однос на почетокот на преговорите


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со претседателот на Владата на Чешката Република Андреј Бабиш, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја. Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, изразил благодарност за помошта и учеството на чешките полициски службеници во надзорот на јужната граница на Република Северна […]

Советот на Општина Охрид го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците


Советот на Општина Охрид се огласи по повод вчерашниот инцидент меѓу советниците, осудувајќи го како чин што не доликува на претставници избрани од граѓаните. – Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советниците се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој […]

Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници


Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО утре ќе се најде пред естонските пратеници. Документот е ставен на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, која ќе биде 17-та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг. Шеснаесет од 29 земји-членки го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија […]

Град Скопје избра нов концесионер за депонијата „Дрисла“


Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30-та седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Република Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и СПЛЕНДОР МАК ДООЕЛ од Република Северна Македонија. Оваа одлука, како што соопшти Град Скопје, следува […]

БЕСА: Советникот на ДУИ во Охрид се однесува како локален ,,шериф“, бараме казна за него


Движењето Беса го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците за време на седница на Општина Охрид. Според Беса нивниот советник Џемал Мена на вандален начин бил физички нападнат од советникот на ДУИ. ,,За да и објасниме на јавноста, едно подолго време советникот на ДУИ од општина Охрид се однесува како локален „шериф„, покажувајќи ја неговата сила […]

„Таргет-Тврдина“: Мијалков го испрашуваше Костовски за „бомбите“


Во Кривичнот суд, во првиот дел од денешното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“, обвинетиот Сашо Мијалков вкрстено го испрашуваше сведокот Звонко Костовски инженер во петата управа во МВР. Му поставуваше прашања во однос на тоа како се зачувувале снимените материјали од системот за следење на комуникации, за што тој кажа дека се зачувувале со […]

Груевски може да добива плата од Собранието уште една година


Никола Груевски, кому денеска му беше констатирана оставката во Парламентот и кој по судските процеси доби политички азил во Унгарија, според Законот за пратеници има право да побара да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година. Ова право го има и Павле Богоевски, кој денеска поднесе, а Собранието му ја […]

„Еко свест“: Новиот закон за урбанистичко планирање закана за природните подрачја


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“ смета дека новиот закон за урбанистичко планирање, за кој вчера во Собранието се одржа втора јавна расправа, е закана за природните подрачја во државава. Бара пратениците да не гласаат за него, а Министерството за транспорт и врски како надлежно да ги земе во предвид укажувањата […]

Шекеринска: Ратификацијата на членството во НАТО оди невообичаено брзо


Ратификувањето на членството во НАТО оди невообичаено брзо. Ако се спореди со претходните бранови на проширувања на Алијансата ќе се види дека земјите-членки испраќаат многу силна порака која треба да ја искористиме и да ја цениме, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Првпат се случува во период покус од четири месеци речиси повеќе од […]

По пожарот во Кисела Вода 11 пациенти хоспитализирани на Токсикологија


Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода. – Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел […]

Преработка на сувите гранки за живеалишта во Зоолошката градина


Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки од денеска ќе ги носи во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните – мајмуните. Со ваквиот начин на постапување со отпадот, Општина Карпош и практично станува пример за правилна обработка на отпадот и негово […]

Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Филиповски од СДСМ нови пратеници


Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски ќе бидат новите пратеници во Собранието по констатирањето на оставките на Никола Груевски и Павле Богоевски на денешната седница. Извештајот за констатираните оставки  на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници. Се […]

(Фото) Се отстранува летната тераса на „Тренд“ што никогаш не проработе


На триаголникот спроти Општина Центар служби во придружба на полиција ја отстранува летната тераса, каде требаше да биде кафулето „Тренд“. По неколку укажувања, дека градбата е бесправна, и дека таму не е предвидена цврста градба, летната тераса стоеше, но никогаш не проработе, а денеска беше отстранета. Од Општина Центар велат дека имаат информации оти уште […]

Констатирани оставките на Груевски и Богоевски


Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија. Груевски е осуден на казна затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес. На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле […]

Конзорциумот „Шолц“, Ц.И.О.С и „Сплендор МАК“ ќе биде приватен партнер за управување со „Дрисла“


  Конзорциумот составен од „Шолц“ АГ – Германија, Ц.И.О.С. – Хрватска и „Сплендор“ МАК Дооел од Република Македонија ќе биде приватен партнер за вложување во јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“, а со цел вршење на концесиска дејност-депонирање на отпад во депонијата, одлучија советниците на Град Скопје на седница на Советот. Комисијата за […]

Шпекулација е дека „метлата“ ќе ги зафати Тевдовски и Анѓушев


Гласините дека „метлата“ ќе го зафати министерот за финансии Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по барање од скопската организација на СДСМ се шепкулации, оцени денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Овие денови се пласираат многу шпекулации и манипулации, а оваа е една од нив. Ние не ги водиме така дискусиите ни […]

Нон-пејпер од 13 членки на ЕУ за поддршка за датум на преговори


Амбасадорите на ЕУ на утрешниот состанок во Брисел на маса ќе го имаат нон-пејперот на тринаесет земји членки на, главно од „Новата Европа“, плус Италија и Австрија, со кој тие сакаат да му дадат нов поттик на процесот на проширувањето на блокот кон Западен Балкан. И особено да ја искажат поддршката за почеток на преговори […]

Поранешни функционери на СДСМ се враќаат во игра


Игор Ивановски, поранешен пратеник и советник во претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски, кој своевремено беше и генерален секретар и потпретседател на СДСМ, денеска се очекува да биде избран за непрофесионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување. Точката за избор на Ивановски е на дневен ред на денешната собраниска седница. […]