Денеска и утре упис на полуматурантите во средните училишта


Во средните училишта  денеска и утре е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото  на 1 јули. Конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедува 35.690 ученички места, од кои 24.581 на македонски наставен […]

Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 19, а максималната од 27 […]

Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу. Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, комесарот Хан посочи дека земјите членки сѐ уште преговараат на оваа тема. -Можам само да повторам […]

Матка го живее летото


На паркингот пред туристичкиот комплекс Матка е полно уште од претпладневните часови. Се менуваат автобуси со туристи, ги има од Косово, Унгарија, Турција, Германија… Забележуваме и македонски регистрации, комбиња и автобуси од внатрешноста на земјава. Сончевиот ден и летото што е на дофат се предизвик за туристите да уживаат во убавините на кањонот распостелен на […]

Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија


Федерика Могерини утрово од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија. -Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и […]

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата


ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во својот говор посочи дека ВМРО е чуварот на оваа земја. – ВМРО е чуварот на оваа земја. Има приказни кои траат долго и тоа е така бидејќи оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а […]

Заев најави смени на осум министри, како и на дваесетина раководители на државни и јавни претпријатија


Претседателот на СДСМ и на Владата Зоран Заев денеска од Охрид истакна дека реконструкцијата на Владата ќе значи смени на осум министри, како и нови кадровски решенија за раководни функции на дваесетина државни и јавни претпријатија. Заев пред јавноста појасни дека првичниот концепт за реконструкција на Владата, кој не исклучуваше можност за предвремени избори или […]

Избран новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ


Владејачката партија СДСМ на состанокот на поширокото партиско раководство што се одржува во Охрид го избра новиот Извршен одбор на партијата, именуван е нов организациски секретар на партијата, како и новиот секретар за меѓународна соработка и директорот на Центарот за истражување и аналитики на СДСМ. Претседателот на партијата и Зоран Заев најави дека следува уште […]

Заев од Охрид најави реконструкција на Владата и продолжување на политиката за евроатлантски интеграции


Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори. Продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од дебатата во рамки на деветтата седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид. Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во изјавата за медиумите појасни дека политиката на градење перцепција пред јавноста биле заради […]

СДСМ ги избра новите членови на Извршниот Одбор


СДСМ на денешниот 9-ти Централен Одбор на партијата донесе одлука за новиот Извршен Одбор. Според одлуката на седницата која се одржува во Охрид, нови членови на ИО се министерката за правда Рената Дескоска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, првиот финансиер Драган Тевдовски и Фросина Ташевска Ременски. Освен тоа, според информациите, нема да има брзи предвремени парламентарни […]

Во Македонија осум од 10 граѓани се религиозни


Во Македонија се почитуваат верските слободи и права, сметаат најголем дел од граѓаните (78,0%) и велат дека никогаш не им била ограничена слободата на вероисповед (89,8%), во најновото истражувањето на јавно мислење на тема „Почитување на верски слободи и права“, спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која гостуваа Александар Спасеновски – професор на […]

(ФОТО) Заев со мотор пристигна на манифестацијата „Запознај ја Преспа“


Премиерот Зоран Заев со мотор пристигна на манифестацијата „Запознај ја Преспа“, а веројатно така ќе го продолжи и патувањето до Охрид каде што денеска треба да се одржи ЦО на СДСМ. Заев за манифестацијата преку која се промовира Преспанскиот регион рече убеден е дека ваков настан ќе ги привлече сите граѓани на земјава. – Граѓаните […]

Заев најави пријатни изненадувања од ЦО на СДСМ во Охрид


Премиерот Зоран Заев, кој воедно е и претседател на Социјалдемократскиот сојуз, денеска од Преспа најави пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид. – Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите….. Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но […]

Заев очекува до крајот на годината да отпочнат преговорите со ЕУ


Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата. – Нашиот народ и нашата земја го заслужија тоа, изјави Заев, додавајќи дека очекува во септември или октомври земјата да добие датум за преговори, а кон крајот на […]

Полицијата тренира строгост: Во Скопје 400 казни за само една ноќ


Близу 400 казни изрекоа полициските службеници во Скопје изминатата ноќ. Дел од казнетите возачи биле пијани, други возеле пребргу, кај трети се евидентирани други прекршоци, тврдат од Министерството за внатрешни работи Во периодот од полноќ до пет часот наутро, извршена е акција за откривање возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол. „Притоа, кај […]

Одбележани 76 години од стрелањето на ваташките младинци


Седумдесет и шест години од стрелањето на ваташките младинци беа одбележани денеска во месноста Моклиште, Кавадаречко. – Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Настан кој никогаш не може да биде избришан […]

Северна Македонија во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори


Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Северна Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји […]

Тешко повреден моторциклист во сообраќајка кај Ваташа


Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко. – Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки“ со кавадаречки ознаки […]

„Трескавец“ се обновува според роковите, но потребно е решавање на неколку клучни зафати


Работите со обновата на опожарените конаци на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп се при крај, но за проектот да помине на технички преглед потребно е да се решат прашањата со водоводот до манастирот, без кој не може да има технички прием на објектот, а се работи и на пречистителната станица. Освен тоа, годинава треба да завршат […]

Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а  попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Минималната температура ќе се движи меѓу 12 и 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне девет. Во Скопје сончево со мала до […]