Меркел: Со оптимизам гледам кон есента за преговори


Германската канцеларка, Ангела Меркел, од Познањ порача дека е оптимист во однос на шансите Северна Македонија да го добие долгоочекуваниот датум за преговори со ЕУ во октомври. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали врши притисок врз скептичната Франција за зелено светло за преговори, Меркел порача дека Европската Унија и процесот на одлучување во неа […]

Сабит Кранли на чело на Комисијата за помилување кај Пендаровски


Поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли ќе претседава со новата комисија за помилување во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Во претседателската резиденција вчера се одржа конститутивната седница на Комисијата за помилувања, во која, покрај Кранли,  како членови влегуваат државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, државниот правобранител Фехми Стафа и  претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски. Во […]

Честитка од Џафери до Гуаидо по повод Денот на независноста на Венецуела


Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод  Националниот празник на независноста на Боливарската Република Венецуела, Денот на кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година, со што земјата стана првата шпанска колонија во Јужна Америка која прогласи независност. -Нашите две пријателски држави ги поврзува копнежот и стремежот за […]

Формирана нова Комисија за помилување на претседателот


Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување, работно тело на кое присуствуваше претседателот Стево Пендаровски. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, претседател на Комисијата е поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли, а членови се јавниот обвинител Љубомир Јовески, државниот правобранител Фехми Стафа, претседателот на […]

Создадени услови за санирање на пругата кај Черкезе


Единаесетте вагони  од товарниот воз кои се излигаа од пругата кај кумановско Черкези во текот на денот се отстранети од пругата и котурите тешки од 25 до 27 тони се тргнати покрај локалниот пат, со што се овозможени услови за санација на пругата која до вечерва треба да биде оспособена за сообраќај, информираа денеска надлежните […]

Борисов: Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедските односи


Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедските односи во регионот, истакна претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов на денешната средба со премиерот Зоран Заев, одржана на маргините од Самитот на земјите од Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес. – Државите […]

Охридскиот регион не се впиша на листата на светско наследство во опасност


На 43-тата седница Комитетот за светско наследство одлучи природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство ги прифати аргументите на Владата на Република Северна Македонија и го препозна и поздрави прогресот кој е направен изминативе две години.   За време на дебатата […]

Владата го овласти Заев да ги креира политиките во Министерството за финансии


Владата донесе заклучок премиерот Зоран Заев да може да ги насочува дејсвата во областа на финансиите и финаиските политики, како и заклучок заменичката на министерот за финансии Ширет Елези да ги преземе овластувања и одговорности за раководењето со ова Министерство. Ваквите заклучоци, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, членовите на Владата […]

Средба Заев – Филип: За испорачаното Северна Македонија очекува исполнување на ветувањето на ЕУ


Македонскиот премиер Зоран Заев, на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ оствари средба со неговиот француски колега Едуар Филип. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата, на која присуствуваа и заменик – премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, истакна дека Република Северна Македонија […]

ДКСК: Владата треба да назначи лице за интегритет кое ќе ја советува


Владата треба во рок од 30 дена откако ги доби препораките на ГРЕКО, да назначи лице за интегритет кое ќе ги советува премиерот, министрите и останатите вработени да носат правилни и издржани одлуки согласно законите, моралот и етиката и на начин на кој ќе го избегнат судирот на интереси и ќе ги одвојат јавниот и […]

Жерновски за „Независен“: Охридскиот регион останува под закрилата на УНЕСКО


Охридскиот регион и понатаму е дел од листата на заштитено светско природно и културно наследство, одлучи УНЕСКО на денешната седница во рамките на 43. сесија што се одржува во Баку, Азербејџан. УНЕСКО постави услов до 1 февруари 2020 година, Македонија да ги спроведе препораките на Комитетот за зачувување на заштитениот регион. На истата седница земјите-членки […]

Делчев: Со плата од 200 евра судските полицајци ни за телефон да си платат


Судскиот полицаец со плата од 200 евра не може ни телефонски сметки да плати, а камо ли да стои пред судовите на државата и да ги бранат судиите, објектите или пак граѓаните што влегуваат во судовите, изјави денеска на прес-конференција претседателот на гранскиот Независен синдикат на полиција (НСП), Гоце Делчев пред Министерството за правда каде […]

Клиника за нефрологија: Пациентите со трансплантиран бубрег редовно примаат имуносупресивна терапија


Пациентите со трансплантиран бубрег примаат редовна имуносупресивна терапија со цел да се задржи трансплантираниот орган. Лековите се подигаат со конзилијарно мислење издадено од три лекари специјалисти интернисти-нефролози од аптеките во Скопје и во некои градови, соопшти денеска Универзитетската клиника за нефрологија. Снабдувањето со имуносупресивна терапија досега се одвива непречено, посочува Клиниката и наведува дека во […]

Почнува кампањата „Лето без пожари“


Одделението за превенција при СВР-Скопје денеска почнува со кампањата „Лето без пожари“. Активностите ќе започнат на паркингот на Средно Водно со почеток во 11 часот. „Во соработка со противпожарната бригада на Град Скопје, Црвен крст на Град Скопје ќе започне кампањата за превенција на пожари на отворено во летниот период, активностите ќе се реализираат на […]

Дескоска: Не сме разговарале кој ќе биде шеф на СЈО, за тоа решава Советот на јавни обвинители


Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска сé уште го очекува предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за законот за СЈО, но посочува дека нема да прифати скриена амнестија. Во интервју за „Фактор“ вели дека досега не се разговарало за тоа кој ќе биде нов специјален јавен обвинител, бидејќи за тоа решава Советот на јавните обвинители. -Во досегашните разговори воопшто не […]

Во Скопје наврнале 32 литри дожд на метар квадратен


Во текот на изминатите 24 часа во Скопје-Лисиче наврнале 32л/м2, 22 во Тополчани, 19 во Крива Паланка, 12 во Виница, 9 во Тетово и Крушево, 7 во Берово, 6 во Струмица, 3 во Прилеп, 2 во Пожаране, Штип и Гевгелија и еден Дојран, соопштуваат од УХМР. Времето денеска во попладневните часови на места ќе биде […]

Заев: Очекуваме датум во октомври, проширувањето може да оди паралелно со реформите во ЕУ


Премиерот Зоран Заев очекува дека ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година ќе биде исполнето и оти земјава ќе  добие датум за нивно започнување. Реформите во ЕУ, смета тој, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот. -Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ […]

Поради затворањето на мостот „Гоце Делчев“ пренасочени градските автобуси


Од ЈСП Скопје, информираат дека утре, сабота (6.07.2019 год) и во недела (7.07.2019 год) во периодот од 5 до 17 часот поради градежни зафати, на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен времен сообраќаен режим, а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени. При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе […]

Алтмајер: Северна Македонија оствари голем економски напредок, но потребна е борба против корупцијата


Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави дека Северна Македонија и Албанија имаат остварено напредок за да се приближат кон единствениот пазар на Европската Унија, но сепак, потребна е посилна борба против корупцијата и независно судство во двете земји. – И покрај напредокот, се уште не се исполнети сите критериуми, за овие земји да бидат […]

Кој ли го следи Мицкоски?


Иако нема информации дека против опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во моментов се води каква било кривична постапка, во која било фаза, тој јавно соопшти дека стравува од апсење кое, како што оценува, би било политички мотивирано. Во интервју на Алфа, говорејќи за последната полициска акција во која беа уапсени и неколку вмровски функционери, меѓу кои […]