Костадинов: Мицкоски призна дека се сретнал со Кичеец


На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски, повикува владејачката партија по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ? Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува. Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Со сигурност нема да успее да ја попречи правдата во Република Северна Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.