Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште


Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина.

Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.

– Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства, изјавија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.