ВМРО-ДПМНЕ: СЈО повеќе нема кредибилитет, потребни се избори


СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа.

Ова е најновата реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Рекет“.

„Пред само два дена имавме можност во медиумите да прочитаме дека има отворен сомнеж за платен рекет од 260.000 евра од страна на Адријан Амзоски на хуманитарната фондација на Боки 13, а најверојатно за возврат Катица Јанева најпрвин преземала надлежност врз обвинение од основното јавно обвинителство, а потоа истото тоа обвинение, односно обвинителен акт го повлекла во една кривична постапка која се водела против истиот Адријан Амзоски. Жалосно ни е ова што ни се случува, каде што Катица Јанева, Зоран Заев, Бојан 13 и сите околу нив биле недопирливи и вршеле тортури и рекет кон граѓаните. Класични и обични криминалци“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.