Привремен сообраќаен режим утре на булеварот „Босна и Херцеговина“

На булеварот „Босна и Херцеговина“ утре ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации и поради тоа ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

– Поради изведување прекоп кај сервисната улица за влез во објектите на „Едел пром“ и на „Шкода“ во периодот од 5 до 9 часот, сообраќајот на булеварот „Босна и Херцеговина“ ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти Град Скопје.

Поради изведување прекоп на крстосницата на булеварот „Босна и Херцеговина“ со улицата „Александар Урдаревски“ во периодот од 8 д 18 часот, сообраќајот на овој потег ќе се одвива по намален број коловозни ленти.

Градските власти апелираат граѓаните да имаат разбирање додека траат градежните активности и сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.