Демократски сојуз бара Парламентот да одржи вонредна седница по случувањата со СЈО


Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања сврзани со Специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување на вонредна седница на Парламентот на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и […]

Лека-полека, Вангеловски паѓа од судскиот врв


Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, по двете ненадејни искачувања на самиот врв на судската власт во земјава, годинешнава летна ферија ја почна со неизвесност – соочен со можност да биде симнат од функцијата. На утрешната седница, Судскиот совет, најверојатно, ќе ја отвори темата за негово можно разрешување. На тоа упатува точката што е насловена […]

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта


Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму повикуваат исто така да се обзнани кои се т.н. „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и кој е јавниот обвинител за кого се зборува дека соработувал со нив. „Тие што имаа среќа […]

Чавушоглу: Секогаш ја поддржуваме Македонија, очекуваме конкретни чекори за ФЕТО


Во МНР во тек е средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Според официјалната најава, на средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите […]

Кочан најверојатно нема утре да оди во затвор


Осудениот бизнисмен Сеад Кочан, в среда, 17 јули, датум кој му го одреди судот за да почне со издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци, можно е да не оди в затвор. Кривичниот совет му ја отфрли првата жалба и го потврди решението на судијата за извршување на санкции кој му го […]

Димитров: Системот со сите маани почнува да се бори со криминалот


Системот со сите маани почнува да се бори со криминалот без разлика од каде доаѓа, порача вчера шефот на дипломатијата Никола Димитров, по вчерашното приведување и притворање на Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се осомничени за изнудување пари. -Никој не рече дека ќе биде лесно. Можеме да тонеме во разочарување и очај и да […]

Пецас: Не е во наш интерес да бидеме против почеток на пристапни преговори на соседната земја со ЕУ


Започнувањето на процесот не е нешто за кое имаме интерес да бидеме против. Треба да ги заштитиме нашите интереси и да дадеме тешка битка во текот на преговорите, вели министерот и портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ во однос на тоа дали тие би се согласиле за почеток на […]

Пендаровски незадоволен од брзината на движењето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ


Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека не е задоволен од брзината со која се движат земјите од Западен Балкан кон европското семејство, нагласувајќи дека Европа мора да биде поодлучна по тоа прашање. Тој во интервју за Радио телевизија Црна Гора истакна дека Северна Македонија е сто процентно согласна со Црна Гора кога станува […]

Во Скопје санкционирани 48 возачи за пребрзо возење, тешко повреден патник во автобус


Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета само материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 48 возачи кои се движеле со брзина поголема од […]

Министерот Димитров на конференцијата на „Економист“ во Атина


Грција – Во рамките на „23-та тркалезна маса со грчката влада“ организирана од „Економист“ во Атина, на панел дискусија посветена на предизвиците во надворешната политика, ќе учествува министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров. Конференцијата на „Економист“ започнува денеска, а Димитров ќе учествува на утрешната прва сесија на која ќе говори за Балканот […]

Ахмети и Села ќе одат на лидерската средба, се чека потврда од Мицкоски


Премиерот Зоран Заев ја официјализираше поканата за лидерска средба, која како што предложи би се одржала во петок во Клубот на пратениците. Засега присуство е најавено од ДУИ и Алијансата за Албанците, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори, а потоа може да […]

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон


На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Како што соопшти собраниската прес-служба, […]

Оставки и апсења за договор или за избори


Заглавените политички процеси во земјава вчера беа придвижени од драматични случувања што би можело да помогнат во одврзувањето на јазолот. Додека премиерот Зоран Заев држеше прес-конференција во Владата, на која на лидерска средба ги повика првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, специјалната обвинителка Катица Јанева ја соопшти својата оставка, а на […]

Боки 13-ка во притвор


Судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на шоуменот и неформален сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13-ка и бизнисменот Зоран Милевски, Кичеец. Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и им одреди притвор на двајцата осомничени по трите основи кои ги предвидува Законот за кривична постапка, опасност од […]

Телефонот на Јанева треба да даде информации за истрагата против Боки 13


Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција, потврдија за МИА од Обвинителството. Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обвинителството ја отвори денеска против Бојан Јовановски (Боки 13) и Горан Милевски (Зоки Кичеец), првоосомничен и второосомничен за изнудување […]

Обвинителството ја отвори Пандорината кутија: Боки 13 осомничен за рекет од 1,5 милион евра


По низата скандали со кои се врзуваше шоуменот и неофицијалниот сопственик на телевизијата 1ТВ, Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција конечно излезе со докази во јавноста и отвори истрага против Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Две вести кои беа објавени речиси истовремено ја шокираа јавноста. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева […]

Боки 13 на распит во Кривичниот суд


Во Кривичниот суд вечерва на распит е доведен Бојан Јовановски, откако пред неколку часа таму беше спроведен и Зоран Милевски.  Судот треба да донесе одлука дали ќе им одреди притвор како што тоа го побара Јавното обвинителството кое отвори истрага против Јовановски и Милевски, како  првоосомничен и второосомничен за изнудување пари. Обвинителството по собрани вербални […]

Јанева заминува пред да ја сменат


Четири години по изборот, а само два месеца пред истекот на мандатот, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја депонираше својата оставка. Потегот на дојде во ситуација кога беше сè поизвесно дека двете политички партии кои треба да обезбедат мнозинство за да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство не можеа да се договорат дали Јанева […]

Јовески: Обвинителите и судиите треба да бидат со интегритет


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната прес-конфернеција на новинарско прашање за неговиот став за ветинг во судството, одговори дека поддржува таква постапка и истакна дека правосудството и судиите треба да се подложат на некоја проверка. – Да бидам сосема на чисто, поддржувам таков процес, во кој во рамките на обвинителството и судството ќе останат […]

Боки 13 изрекетирал милион и пол евра и ги трошел за одмор


Јавното обивнителство информираше дека две лица се осомничени за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителката Вилма Рускоска, во периодот од ноември минатата година до април годинава, осомничените барале рекет од бизнисмен, за кој се водела постапка. Тие му ветувале дека преку јавен обвинител (чие име не е сè уште познато за јавноста) ќе влијаат […]