Катица Јанева во лоша здравствена состојба


Фото: Б. Грданоски

Поранешната јавна обвинителка Катица Јанева е во лоша здравствена состојба потврди нејзиниот адвокат Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21.

Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Фрчковска за ТВ21 вели дека здравствената состојба на Јанева не е добра, особено психички, и дека е под постојана терапија со лекови.

Како што најави адвокатката Фрчкоска, можна е тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО. Двете одлуки, како што вели адвокатката сѐ уште не ги добиле.

Фрчкоска додаде дека не ѝ е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева, како и одлуката таа да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија.