Меџити: ВМРО и СДСМ многу често за да ги сокријат нивните скандали ги напаѓаат албанските партии


Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити вчера на дебатната емисија Клик Плус на ТВ21 зборуваше за отворањето на постапката од антикорупциската комисија за Блерим Беџети, со што направи паралела дека секогаш кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да сокријат некаков нивен скандал, отвораат случаи против албански функционери.

Меџети додава дека тие две партии го контролираат и судството и повеќето од институциите.