Туск во Скопје на средби со Заев и Пендаровски

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

Туск ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12.15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.