Рускоска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени


Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Рускоска и посочува дека сѐ уште не е завршено вештачењето на запленетиот […]

Зошто фотографиите од Месечината се уметнички ремек-дела


Пред педесет години оваа недела, поранешниот пилот на морнарицата, ги создаде едни од најреволуционерните уметнички ремек-дела на 20 век, оние што допрва треба целосно да ги асимилираме. Неговото име е Нил Армстронг, а неговиот неверојатен чин на креативност е фотографија на другиот член на „Аполо 11“, Баз Олдрин, кој стои на Морето на Спокојството на […]

ВМРО-ДПМНЕ бара притвор за Катица Јанева


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази. „Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си […]

Мицкоски: Заев е во очај, па измислува дека имам контакт со Боки и со Кичеец


Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото. „Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека […]

Холандскиот амбасадор Воутер Пломп за „Независен“: СЈО треба да остане, а тој што се огрешил да одговара


Холандскиот амбасадор Воутер Пломп си заминува од земјава бидејќи му заврши четиригодишниот мандат. Во интервју за „Независен весник“, тој нагласува оти секој што се огрешил пред законите – мора да одговара, алудирајќи на последните случувања околу СЈО, но институцијата мора да продолжи да работи. Тој смета дека предвремените избори не се решение за моменталната политичка […]

Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи


Јужна Кореја – Северна Македонија и Јужна Кореја официјално воспоставија дипломатски односи, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул. Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на ОН во Њујорк го потпишаа амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул и вршиштелот на работите во Мисијата на Северна Македонија во Светската организација, Сања Зографска Крстеска, пренесува […]

Старите партнери на „Илинденска“ повторно на иста маса


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари завчера прва средба со новата амбасадорка на САД во Скопје, Кејт Брнс. Ако се суди според штурото соопштение што го испратија од ВМРО-ДПМНЕ потоа, средбата била повеќе протоколарна, по што Мицкоски веројатно не почувствувал потреба да го смени ставот во однос на денешната лидерска средба, која премиерот Зоран Заев […]

Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет од сообраќајките била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 38 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 13 возачи кои го управувале возилото под дејство […]

Апостолакис: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа


Да се погрижиме да се спроведе Договорот од Преспа онака како што е потпишан и сите ние да ги извлечеме позитивните работи од него, вели  поранешниот министер за одбрана на Грција во владата на СИРИЗА и поранешен началник на Генералштабот на грчката армија, Евангелос Апостолакис. Апостолакис изразува оптимизам дека промените во Грција нема да го […]

Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно


Бугарија – Наша должност е да ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно и безрезервно, истакнал бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија. Раdев, како што пренесуваат бугарските медиуми,  кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од […]

Катица Јанева се разболе и ја снема – никој не ја следи


Никој не знае каде е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ниту една институција не го следи нејзиното движење. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не побарало никакви мерки за Јанева бидејќи сè уште собира докази кои треба да го дадат клучниот одговор – дали специјалната јавна обвинителка е злоупотребена или вмешана во рекетарскиот […]

ЗНМ со осуда за пратеникот Стевананџија за ширење дезинформации за новинарите Јованоски и Христов


Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје […]

Пратеничката Калеска-Ванчева нов координатор на Форумот на жени на СДСМ


Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, а комплетиран е и раководниот кадар на партиските комисии како стручни тела, на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата. – СДСМ покажа дека има капацитет перманентно да се менува во интерес на граѓаните на забрзување на […]

На Заев не му се седнува без Мицкоски: Откажана лидерската средба


Лидерската средба закажана за денеска (петок) во Клубот на пратениците е откажана, објавија повеќе медиуми во земјава повикувајќи се на извори во СДСМ. Претседателот на партијата, Зоран Заев ги информирал сопартијците на вечерашната седница на Централниот одбор дека нема логика да се седнува само со Али Ахмети и со Зијадин Села доколку го нема Христијан […]

Николовски: Партиската припадност никого не амнестира од криминал


Едногласно била донесена денеска Декларација со која се дава поддршка на највисокото раководство на СДСМ, но и останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и за јакнење на правната држава, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски по завршување на седницата. -Последните случувања покажуваат дека постои целосна заштита и нов […]

Централен одбор на СДСМ, Заев: Ќе се дискутира и за актуелните политички случувања


Изборот на претседатели на комисиите како помошни тела на СДСМ ќе биде доминатна тема на денешниот состанок на Централниот одбор на владејачката партија. Изборот на потпретседатели не е на дневниот ред, изјави  лидерот на СДСМ Зоран Заев пред почетокот на седницата на Централниот одбор во партиското седиште во Скопје. -Доминатна е изборот на претседатели на […]

Допрва ќе се избираат воен и дипломатски претставник во НАТО


На прагот на полноправното членство во НАТО, нашата земја уште извесно време ќе биде без свој воен и дипломатски претставник во седиштето на оваа организација во Брисел. Новиот претседател Стево Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, потпишал указ со кој го отповикал бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски од воен претставник на Северна Македонија во НАТО. […]

Мерко се развласти, владата нека руши дивоградби


Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко се развласти и ја информираше владата оти таа ќе биде надлежна да ги руши дивоградбите во градот. Тој денеска испрати писмо до „Илинденска“ во која го информира премиерот Зоран Заев дека сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии, како и во делот на спроведување на […]

„Метлата“ во сенка на „рекетот“


Во сенка на скандалот околу Специјалното јавно обвинителство се реализира вториот бран кадровски промени во извршната власт во рамки на „метлата“, што премиерот Зоран Заев ја најави веднаш по првиот круг од претседателските избори. Оттогаш поминаа речиси три месеци, од кои само првиот помина во знак на „метлата“, додека во другите два месеца на политичката […]

Ахмети лут на Заев и на Мицкоски, пописот виси поради две точки


Само еден ден откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази згрозеност од случувањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство и уште еднаш повтори оти ветингот за сите носители на јавни функции мора да биде задолжителен, членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, кој важи за близок на ДУИ, го одложи гласањето за разрешување на претседателот на Врховниот […]