МЗ: Портокалова фаза во целата држава, да се ослободат од работа на бремените и лицата над 60 години
Територијата на целата држава во следните седум дена почнувајќи од денеска до 14 август ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот, како што се наведува, ќе бидат во портокалова фаза. […]