Иванова: Милошоски политички манипулира


Генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, го отфрла како неточен и целосно неоснован обидот на пратеникот Антонио Милошоски да ја обвини за политички интервенции во работата на Собранието.

– Со политички манипулации, несоодветни алузии и без никакви докази, пратеникот Антонио Милошоски на денешната прес-конференција го стави името на г-ѓа Иванова во политички контекст кој не е и не може да се доведе во никаква корелација согласно позицијата што ја врши во Собранието на Република Северна Македонија.
Согласно Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, генералниот секретар на Собранието ги извршува работите што ќе му ги довери претседателот на Собранието, му помага во подготовките и организирањето на седниците на Собранието и врши други работи утврдени со Деловникот – се вели во соопштението.

Појаснува дека Генералниот секретар ја организира и усогласува работата на Службата на Собранието и донесува правилници, упатства и други акти за работа на Службата.