Дика не знае каде завршија парите од Меѓународниот сојуз


Претседателката на Собранието на организацијата Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13 Агапи Дика по повеќе од два часа распит за случајот „Рекет“ изјави дека не знае каде се парите што бизнисмени ги уплаќале на Меѓународен сојуз.

Агапи Дика се обиде ги избегне новинарите и излезе од споредниот влез на Обвинителството за организиран криминал, а не од влезот каде што ја чекаа новинарите.