Поради велосипедска трка пренасочен сообраќај во сабота и во недела


Во сабота, од 9 до 13 часот, во организација на Амбасадата на САД, ќе се одржи трка со пречки под наслов „Трчам да се сеќавам“, со траса на движење од пред Амбасадата на САД до Градски стадион, и назад.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од улицата „Лазар Личеноски“, од крстосницата со улицата „362“ до крстосницата со улицата „Самоилова“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Исто така, во во недела, на 22.09.2019  од 11 до 14.30 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка насловена „Трофеј СКОПЈЕ 2019“.

Трката ќе се одржи од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност), вдолж улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.