Филипче: Ќе се смени Законот за здравство за специјалистите да доаѓаат каде треба


Во собраниска процедура е измената во Законот за здравствена заштита со која дозволуваме лекари да може да прават систем на ротации во институции во кои нема регистрирано дејност, што досега беше забрането, изјави министерот за здравство Венко Филипче при денешниот престој во прилепската градска болница „Борка Талески“ каде се донираше санитетско возило од турската агенција […]

Во Аеродром не остана ни едно заробено дрво


  Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности. Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени. Оваа акција и денеска се одвива во […]

Владата со акциски план ќе се бори против дезинформациите и лажните вести


Владата изготви Акциски план за справување со дезинформациите кои, како што изјави денеска премиерот Зоран Заев, стануваат сериозен упад во демократските и изборните процеси и влијаат на довербата на граѓаните во институциите и медиумите. -Дезинформациите се еден од главните предизвици за демократијата во 2019 година и алатка за манипулација со граѓаните. Злоупотребата на технологијата за […]

Владата ќе заседава и денеска. Ќе се пополнуваат ли директорски места ?


Нова седница на владата е закажана за денеска попладне, според информации од „Илинденска“. Седницата не е вообичаен термин, со оглед на тоа што владата вообичаено заседава во вторник, така што вчера се одржа 146.седница на која меѓу другото беше усвоен и новиот предлог-закон за јавното обвинителство. Нема засега информација што е на дневен ред на […]

Наташа Петровска: Надлежните органи досега не ме контактираа за случајот „Рекет“


Истражните органи досега не ме контактираа во врска со случајот „Рекет“, изјави денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали е вклучена во истражните дејствија на надлежните органи за овој случај. – Во овие околности не сакам да зборувам за постапка и процес што ги водат други органи. Кога ќе бидам запрашана […]

(Во живо) Прес-конференција на Зоран Заев


Проследете ја во живо прес-конференцијата во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/698925697226658/?notif_id=1563967212413480&notif_t=live_video

Царовска: Платите на социјалните работници зголемени за 22 отсто


За 22 отсто поголеми плати добиле вработените стручни работници и соработници во центрите за социјални работи, а во септември ќе добијат повисока плата за уште пет проценти. На ваков начин, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се враќа достоинството на социјалниот работник, се овозможува негова поголема мотивираност во работата […]

Филипче: Со дисперзираните центри за зависници – нема потреба од страв и паника


Дисперзијата на лекувањето на зависници низ Центри во државава ќе го реши проблемот, а соработката со Општините, невладините организации и со граѓаните ќе биде за да се укаже дека нема потреба од страв и паника, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата со лекувањето на зависниците и за нивната […]

Ќе ја послуша ли Заев американската амбасадорка?


Критика скриена во пофалба за Владата, или пофалба скриена во критика. Или двете спакувани во едно од најважната адреса. Новата амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс во интервју за Алсат се изјасни дека ставот на САД околу скандалот со случајот „Рекет“ кој го растресе општеството, е да има темелна, брза и транспарентна истрага. Таа […]

ССК открива уште еден пријавен случај на рекет


Уште еден бизнисмен, член на Сојузот на стопанските комори на Македонија пријавил дека бил подложен на рекет, а  претседателката на ССК Даниела Арсовска бара брз разрешница на состојбата. -Има случаи кои што се пријавени. Ние не сме орган за истражување ниту некој кој треба да ги проследува или работи, меѓутоа сме луѓе кои ги штитат […]

Во земјава нема „африканска свинска чума“, да не се внесува храна од животинско потекло


Во земјава нема „африканска чума“, ниту кај свињите на комерцијалните фарми, ниту кај популацијата диви свињи, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.  Сепак, како што рече Атанасов на прес-конференција, болеста е многу блиску, ја има во Бугарија, поради што состојбата будно се следи, на дневна основа.  -Апелираме, граѓаните кои […]

Ноќно искачување и изгрејсонце на врвот Љуботен на 2.499 метри на Шар Планина


Планинарскиот клуб „Јелак“ работи на подготовките и организацијата за ноќно искачување на врвот Љуботен, ноќта помеѓу 10 и 11 август, кое ќе биде четврто по ред. На 10 август планот е да се тргне од Тетово од пред Центар за култура во 18:00 часот кон Старо Село, каде што ќе биде збирно место со учесниците […]

До сабота сончево и топло


До сабота претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло. Во сабота кон крајот на денот и во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилна облачност на места со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе движат од 13 до 20, а дневните од 26 до 38 степени, соопшти УХМР

РСБСП: Најголем број сообраќајки предизвикани од замор се случуваат во летниот период


Најголем број сообраќајни незгоди предизвикани од заморот се случуваат токму во летниот период во часовите предвидени за спиење. Заморот во летниот период е примарна причина за околу 20 отсто од смртните случаи на патиштата во светот. Слична е состојбата и на патиштата кај нас, информираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). […]

Општина Охрид ќе ги исполнува препораките од УНЕСКО


Како што се наведува во соопштението од Локалната самоуправа, општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. По налог на градоначалникот Константин Георгиески во рок од десет дена ќе биде изготвен Акциски план […]

Русковска не може, компромис за друго име, па избор од Советот


Ниту последната изјава на американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, која побара да се зачуваат капацитетите на СЈО и да се поддржи силно и независно обвинителство, не допреа до опозицијата, од каде што сметаат дека ова обвинителство, вакво какво што е, е компромитирано и урнисано и не може да опстане во никаков облик. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Миле Јанакиески однесен во приватна болница


Миле Јанакиески од истражниот затвор во Шуто Оризари е пренесен во приватна болница каде што треба да се види дали ќе му се прави оперативен зафат на поранешниот министер за транспорт и врски, кој е во притвор поради неодговорно доделување на државни плацови. Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува […]

Изменет сообраќаен режим на магистралниот пат А2, делница Струмица-Дабиле


Поради изведување геодетско снимање и геомеханички истражни работи на магистрален пат А2, делница Струмица-Дабиле, ќе има изменет режим на сообраќајот од 05:00 до 12:00 часот во времетраење од пет работни дена. Од АМСМ информираат дека во останатиот дел од државата сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните […]

Широк консензус или 80 гласа за новото (С)ЈО


Во парламентот се чека Владата да го достави новиот предлог-закон за јавно обвинителство што премиерот Зоран Заев го најави минатата седмица, а кој беше на дневен ред на вчерашната владина седница. Пред почетокот на седницата на владиниот кабинет, спикерот Талат Џафери изјави дека ако законот биде доставен до вчера тој може да биде ставен на […]

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата


Белгија – Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според официјалната агенда, ќе се разговара за реформите поврзани со евроинтеграцијата на […]