Подготовки за грејната сезона, потрошувачите да ги проверат инсталациите


Потрошувачите, зедниците на сопственици и управителите да проверат дали грејните инсталации во објектите се подготвени за грејната сезона, апелира денеска компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи Дооел Скопје (БЕГ).

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, соопшти БЕГ.

Компанијата апелира до сите управители, односно заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да си ги подмират сметките за електрична енергија за топлинска потстаница.

Согласно со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 30 септември, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментно затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.