Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан


Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан е главното прашање за евроинтеграциските процеси, беше речено на денешната панел дискусијата „Ја Избирам Европа: Избори за Европски Парламент 2019 – можности и предизвици за Република Северна Македонија“ што ја организира здружението на Млади европски федералисти. Според панелистите, не може да се зборува за проширување на …

Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан Read More »

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи


Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 отсто од вкупниот број гласачки места во земјава. -Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе ја следат постапката на гласање …

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи Read More »

Честитка од Иванов по повод католички Велигден


Претседателот Ѓорге Иванов, по повод Велигден, денеска упати честитка до Бискупот скопски и eпископ струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар.  –Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански …

Честитка од Иванов по повод католички Велигден Read More »

ДИК: Најголема излезност во Прага, најмала во Истанбул


Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е …

ДИК: Најголема излезност во Прага, најмала во Истанбул Read More »

Митинг на Вучиќ во Белград пред 100.000 граѓани


Со извиците „Ацо Србине“ заврши синоќ големиот митинг во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ. Според проценките над 100.000 граѓани од цела Србија, пренесени со 3000 автобуси се слеаа вечерва во Белград, кој беше целосно блокиран. На митингот говореа председавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, премерката Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ …

Митинг на Вучиќ во Белград пред 100.000 граѓани Read More »

Интервју со Ирина Пановска-Ставридис: Голем одѕив за дарители на коскена срцевина


Доброволен донор на коскена срцевина може да биде секое здраво лице, на возраст од 18 до 50 години, без сериозно заболување во минатото, вели директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска-Ставридис, во интервју за „Независен весник“. Потенцијалниот донор е потребно да даде само пет милилитри венска крв за да биде запишан во регистарот на …

Интервју со Ирина Пановска-Ставридис: Голем одѕив за дарители на коскена срцевина Read More »

Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет на денот на изборите ќе биде отворена за граѓаните


Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, утре во текот на целиот ден ќе биде отворена, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори, соопштија од Хелсиншкиот комитет. -Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да …

Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет на денот на изборите ќе биде отворена за граѓаните Read More »

Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”


Утре (недела) во 12 часот кај Мечето во Градски парк во Скопје, ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “ЗДРАВО СКОПЈЕ”, посветен на едно незаборавно Скопје – од минатиот век до денес, со сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет и за млади и за стари, за носталгичари, …

Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје” Read More »

Сите претседатели на Република Македонија


Од независноста на Република Македонија на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Киро Глигоров, прв претседател на РМ (1991 – 1999) Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, е роден …

Сите претседатели на Република Македонија Read More »

Умерено облачно, со слаб ветар


Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно. Ќе дyва cлaб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 10 до 21 степен. Во Скопје, слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се cпyшти до пет, а …

Умерено облачно, со слаб ветар Read More »

Деркоски: ДИК ќе направи сè за успешен изборен ден, но тоа е потребно и од останатите учесници


Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски изборен процес, со почитување на Уставот и законите. Тој вели дека Комисијата ќе направи сè изборниот ден да биде успешен, но оти тоа треба да го направат и останатите учесници. Вели дека бројката на запишани избирачи …

Деркоски: ДИК ќе направи сè за успешен изборен ден, но тоа е потребно и од останатите учесници Read More »

Надлежности на претседателот на Републиката


Претседателот на Република Северна Македонија го изразува државното единство и ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите. Претседателот се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање. Претседателскиот мандат трае пет години, почнувајќи од свеченото положување заклетва во …

Надлежности на претседателот на Републиката Read More »

Јонкер : Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата


Меѓународната набљудувачка мисија за изборите ОБСЕ/ОДИХР вкупно ќе вклучува 240 набљудувачи. Tие ќе бидат распоредени рамномерно насекаде низ државата, со цел да се овозможи репрезентативен и непристрасен примерок, врз кој ќе ги дадеме нашите оценки, вели во интервју шефицата на Мисијата за набљудување на претседателските избори на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер. Јонкер ги повикува кандидатите и …

Јонкер : Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата Read More »

Македонија гласа за петтиот шеф на државата


Кој ќе застане во редицата шефови на македонската држава во нејзината речиси тридецениска самостојност? Точно 1.808.131 запишани избирачи имаат граѓанско право најпрвин в недела (21 април) во првиот круг од изборите, а потоа и на 5 мај, да го дадат својот глас за еден од тројцата кандидати: Блерим Река, зад кого застанаа Алијансата на Албанците …

Македонија гласа за петтиот шеф на државата Read More »

Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица


На полноќ заврши изборната кампања за претседателските избори и за предвремените локални што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село и започна изборниот молк. Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 …

Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица Read More »

Теренска вакцинација на скопските ученици од понеделник


Теренската вакцинација на учениците од основните и средните  училишта во градовите од внатрешноста почна вчера од страна на тимови од здравствени домови. Во Скопје теренската вакцинација ќе почне од понеделник. Од Здравствениот дом – Скопје велат дека вчера ги известиле основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Јан Амос Коменски“ дека в понеделник таму ќе биде организирана …

Теренска вакцинација на скопските ученици од понеделник Read More »

Силјановска: На 21 април и на 5-ти мај ќе сфатат дека нивното време истече


Власта единствено се фали дека го реформирале името. Тоа не е реформа, тоа е катастрофа. Тоа е погубен потег. На 21 април и на 5-ти мај ќе сфатат дека нивното време истече. Нашето време доаѓа, порача вечерва кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова на митингот во Пробиштип. – Оваа пролет власта ќе …

Силјановска: На 21 април и на 5-ти мај ќе сфатат дека нивното време истече Read More »

Заев: Со гордост направете избор и донесете одлука за прогресивните концепти


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил повика на масовна излезност и на демократски и успешни претседателски избори. – Исходот на овие избори во огромна мера ќе влијае дали и со колкаво темпо ќе продолжиме да се движиме напред. За да имаме европски животен стандард, европски плати, европско образование, за да ја потврдиме стабилноста на државата, за …

Заев: Со гордост направете избор и донесете одлука за прогресивните концепти Read More »

Тачи: Не ги слушајте другите што зборат, изборот за Пендаровски е во насока на евроатлантски интеграции


Демократската партија на Албанците (ДПА) го одржа последниот митинг во Тетово, каде беше истакната поддршката за претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Претседателот на партијата Мендух Тачи посочи дека изборот за Пендаровски е во насока на евроатлантските интеграции и соработката на партијата со меѓународната заедница. – Работев со Пендаровски кога беше претседател Борис …

Тачи: Не ги слушајте другите што зборат, изборот за Пендаровски е во насока на евроатлантски интеграции Read More »

Пендаровски: Гласот за број 3 е глас за заедништво и заеднички живот, во европска и напредна земја


Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски денеска имаше средби со жителите на Дебрца, Вевчани и Лабуништа. – Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја. Мојот слоган е „Заедно напред“. Само така можеме да просперираме, а не еден по еден. Јас не правам разлика по верска и етничка …

Пендаровски: Гласот за број 3 е глас за заедништво и заеднички живот, во европска и напредна земја Read More »