Јовески: До крајот на денот треба да заврши преземањето на предметите од СЈО


Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Посочи дека од следната недела ќе продолжат техничките детали на споредување на пописите на списи […]

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на Палевски


– Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо за кого македонските медиуми објавија дека  вчера бил приведен од полицијата во Белград во моментот кога сакал да се качи на авион за Москва. – Министерството за правда на Република Србија нема сознанија за приведување на вакво лице, се наведува […]

Нови зелени површини во Карпош


Во претстојниот период и во текот на 2020 година, Општина Карпош ќе се фокусира на одржување на зелените површини, поставување на системи за наводнување и облагородување на тревниците, во рамки на заштита на животната средина. Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ардијан Муча беа во обиколка […]

Дескоска: Предметите на СЈО ќе имаат завршница


Министерката за правда Рената Дескоска денеска порача дека без силно, независно обвинителство попусто се говори за правна држава и ги повика пратениците кои треба да гласаат за новиот закон да размислат каде ја гледаат иднината на земјата. Во обраќањето на почетокот на твининг-проект за поддршка на Јавното обвинителство, Дескоска рече дека носењето на законот веќе […]

Европските зелени даваат поддршка за интеграцијата на земјава во ЕУ


Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше на лидерска средба на Европските зелени партии, што се одржа во Брисел.   Во своето излагање таа го потенцираше значењето на континуираната поддршка што Европските зелени ја даваат за нашите евроинтеграциски процеси. Европските зелени и овој пат во Брисел дадоа силна поддршка за добивање датум за почеток на преговори […]

Меѓународна конференција за управување со отпад во Охрид и Струга


Охрид и Струга се домаќини на 4-тата Меѓународна конференција за управување со отпад со работен наслов „Комуницираме за управување со отпад“, организирана од „Македонската асоцијација за управување со цврст отпад“ (MaSWA). На свеченото отворање на собирот одржано синоќа во Охрид свои обраќања имаа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, евроамбасадорот Самуел Жбогар, […]

Манчевски бара притисок од јавноста за реформата на јавниот сервис


Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од Подгорица порача дека вината за нереформираниот јавен сервис треба да се бара кај опозицијата. Манчевски, кој утрово учествуваше на панел посветен на врските помеѓу медиумите и политиката на конференција на Европската Комисија во Црна Гора, изјави дека ситуацијата во МРТ e „екстремно лоша“ и дека „единствено […]

Биро за развој на образованието: Химната не е тргната од наставните програми


Не е точно дека  изучувањето и пеењето на македонската химна се изоставени од новите наставни програми, велат од Бирото за развој на образованието, по објавите на социјалните мрежи дека химната е тргната од учебниците за основно образование. „Што се однесува до изнесените дезинформации дека изучувањето и пеењето на химната се изоставени од новите наставни програми, […]

Заев го демантира Милошоски за притворот на Јанева


Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор. – Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат […]

МВР ќе изнајми возила за иста сума колку што чинат


  Министерството за внатрешни работи преку оперативен лизинг изнајмува 9 возила од две автомобилски компании за кои за 3 години ќе треба да плати речиси 307.000 евра и потоа ќе треба да ги врати. Во просек, за тие 36 месеци, Министерството ќе плати по 35.000 евра за возило, сума која е приближно иста со основната […]

Љупчо Палевски притворен во Белград


Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо вчера е притворен во Белград, јавува порталот Скопје 1. Палчо бил приведен во моментот кога сакал да се качи во авион за Москва. Според порталот Палевски е притворен по потерница од Хрватска и во моментов е во екстрадициски притвор. Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од […]

Почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО


Специјалното јавно обвинителство од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО оти се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство. Се очекува предавањето на предметите да […]

Обвинителството да ги претресе „џебовите“ на ВМРО-ДПМНЕ


Се мајтапи ли лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со јавноста мавтајќи со празни листови хартија или навистина поседува џокер-искази од тајната истрага за случајот „Рекет“, кои, наводно, му ги доставил свиркач, како што самиот се пофали на завчерашната прес-конференција? Потегот на Мицкоски, кој уследи по јавно кажаната претпоставка на премиерот Зоран Заев дека истрагата за […]

Во Скопје вчера 10 сообраќајки, повредени осум лица


Едно лице е тешко повредено, а седум се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајки на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање на 85 возила, а со „пајак“ се подигнати 57 возила. Санкционирани се и 13 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно […]

Македонските и бугарските историчари денеска ќе разговараат за Делчев


Седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија продолжува денеска во Софија со расправа за ликот и делото и можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба на комисијата во јуни, а тогаш претседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени […]

Не е сеедно дали Јанева ќе биде разрешена пред „финале“


Иако спикерот Талат Џафери најави дека до истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе закаже пленарна седница на парламентот за нејзино разрешување, опозицијата се сомнева дека чинот свесно се пролонгира, за Советот на јавни обвинители да нема време да ја донесе конечната одлука. – По сè изгледа дека намерно се одолговлекува ставањето на […]

Симоновски: Нашите пожарникари заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат


Тесните улички, куќите споени една до друга и непристапните влезови во зградите претставуваат проблем за навремено и најсоодветно да се изгасне пожарот. Нашето доаѓање во овие ситуации е како на Бетмен, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски, во интервју за МИА. – Имаме две возила што се оштетени од влезовите […]

Писмо до Владата и амбасадите: Нека победи правдата, макар и пропаднал светот


Fiаt iustitia, et pereat mundus! Нека победи правдата, макар и пропаднал светот! Со барања запечатени со оваа латинска фраза, стручниот, административниот и помошно-техничкиот персонал, односно сите вработени во Специјалното јавно обвинителство испратија писмо до премиерот Зоран Заев, до министерката за правда Рената Дескоска, претседателот Стево Пендаровски и амбасадорите на Европската Унија, САД и Холандија во […]

Хан: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ


Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. – […]

Димитров – Мас: Реафирмирана германската поддршка за пристапни преговори со ЕУ


Пресек на постигнатото, актуелните случувања и изгледите во однос на нашите очекувања од октомврискиот Совет на Европската унија,  направија денеска на средба во Берлин министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот германски колега Хајко Мас. Министерот Димитров изрази благодарност за принципиелната и конзистентна германска поддршка и пријателство и уверување дека во октомври нема да […]