Мицкоски: Да ги намалиме поделбите и омразата


Денес одново сме пред голем предизвик, овојпат судбоносен за иднината на нашата земја, зашто две работи се јасни:  нашиот народ не живеел потешко време, и втората е што СДСМ и Зоран Заев ќе паднат. Ќе бидат поразени од народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Прилеп, во обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и годишнината од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во 1991 во Прилеп. 

Според Мицковски, ВМРО ДПМНЕ не е само нивна партија, тоа е кодот на Македонецот, организацијата која во историјата ги дала, како што рече, најдобрите синови и ќерки на нашата земја. Чувар на огнот за Македонија веќе 126 години, од кои 29 години таа битка ја води ВМРО-ДПМНЕ. Обновата на Македонија и треба, рече, повеќе од било когаза да се препороди, да се развие, за да се изгради здраво и витално општество.

 Ни треба работа, и ни треба постојаност. Постојанството за кое говореше Делчев. Тоа значи да бидеш горд на своите предци, на нашите херои, на идејата и делото на организацијата, на македонизмот кој е дел од нашата душа. 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, и таа сила, тој труд и постојанство денес одново не крева за да ја донесеме обновата која насушно и треба на нашата мила Македонија. 23 октомври е инспирација, но и потсетник колку е скапа слободата која е издвојувана, но и колку треба да си ја  чуваме и браниме  Македонија, рече Мицкоски.

Според него, актуелната влада не може да понуди иднина, а Заев, како што рече, „ паѓа затоа што го издаде и не го следи Гоце Делчевнема труд и постојанст“.

Заев паѓа зашто тргуваше со Македонијаго даде она што на сите ни е свето, но за возрат не се доби ништо. Смени име и идентитет без да го слушне народот. Криминалот е голем и тој извира од врвот на власта, рече Мицкоски, убеден дека  партијата ќе победи на предвремените парламентарни избори на 12 април. Порача дека претстои многу работа и дека  главните предизвици ќе дојдат по формирањето на новата влада.

Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, исправена, европски интегрирана, технолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Нашата задача е да ја вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа. Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се збогатија на грбот на народот, рече Мицкоски.

Истакна дека довербата ќе ја добијат  со дела и проекти за подобар живот и дека државата мора, како што рече, „да ја ставиме на брза патека за влез во Европската Унија“. – Да направиме реформи и да добиеме датум за преговори, а потоа да ги отвориме поглавјата кои ќе го направат животот подобар. Не смееме да се однесуваме неодговорно и спрема националните прашања, тоа им го должиме на нашите предци, сите оние кои со глава го платија она што ние денес го живееме, а тоа е слободна, независна и самостојна Република Македонија, рече Мицкоски во обраќањето во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Тој им  се заблагодари на партиските ветерани и истакнати членови за што се сториле во речиси тридецениското постоење на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбите и разговорите со прилепчани во центарот на градот, Мицкоски рече дека се уште не се одредени имињата на тие што од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат дел од техничката влада.