Латас и Талески на суд за „Тотал“ и за “Транспортер“


Нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „ „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице. По […]

Врвот на СДСМ ќе расправа утре за планот за името


Централниот одбор на СДСМ, според наши информации, ќе се собере утре на седница, на која се очекува партискиот лидер и премиер Зоран Заев да ги информира сопартијците за најновиот развој на настаните околу преговорите за името, што се очекува да финишираат деновиве со решение за долгогодишниот проблем. Со оглед на проценките дека кај раководството, како […]

Заев и Мускат потпишаа Договор за заемно признавање на дипломите од високото образование


Премиерот Зоран Заев на средбта со премиерот на Малта Џозеф Маскут го изрази интересот на Република Македонија  да отвори можност за конзуларни услуги во Валета со цел да им се олесни комуникацијата на големиот број граѓани на Македонија кои работат во Малта. Владината прес-служба информира дека на средбата одржана во рамки на посетата на премиерот […]

Заев и министрите утре ќе одбележат една година Влада


Утре во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес-конференција. Од Владата брифираат дека прес конференцијата ќе биде за една година Влада. Конференцијата за медиумите ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје.  

Народниот правобранител ја има поддршката од граѓаните и институциите


Најдоброто нешто што може да им се случи на земјите со различности е некоја институција која може да ги сплоти. Институцијата омбудсман се обидува да ја игра токму таа улога, а нашето членство во Асоцијацијата на омбудсманите на Медитеранот ни дава ветер во грбот да напредуваме. Ова го истакна народниот правобранител на Република Македонија Иџет […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави огромни долгови


После 11-годишно пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните за споменици, барок и криминални тендери ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг. ВМРО-ДПМНЕ е синоним за тројно зголемен јавен долг и колапс на економијата. Затоа јавниот долг е висок, поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ. „Со промените, долгот е стабилизиран благодарение на успешните економски […]

Во игра се и натаму сите можни предлози за името


Се уште се отворени сите можни опции за решение за името, дознава МИА од високи извори на Владата на РМ. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара. Во нарeдниве денови ќе биде познат датумот за средбата на двајцата премиери Ципрас-Заев на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението. […]

Обвинетите политичари се „крстат“ во аболицијата на Иванов


Документот на претседателот Ѓорге Иванов, со кој помилува 56 политичари, во 2016 година ја крена јавноста на нозе, а по две години од донесувањето и експресното поништување, аболицијата се најде и во судските процеси што ги покрена специјалното јавно обвинителство против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Откако Врховниот суд во Атина го прифати актот на аболицијата […]

Трите премини кон Грција утре затворени поради штрајк


Од ноќеска на полноќ 24 часа ќе биде во прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките цариници. Додека на граничниот премин Стар Дојран прекинот ќе биде од 5 часот утре до 5 часот на 31 мај, а на ГП Богородица од 7 часот утре до 7 часот наредниот ден. Како што соопшти […]

Владата ќе додели над 220 милиони денари за проекти на општините


Владата ќе додели на единиците за локални самоуправи 223 милиони денари за проекти за развој на селата и за развој на плански региони. Одлуката, како што соопшти владината прес служба, е донесена на денешната седница на Владата на Република Македонија, според која ќе им се доделат средства за финансирање проекти за развој на селата во […]

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги


Во третата декада од јуни се очекува да се одржи првиот состанок на заедничката мултидисциплинарана комисија на Македонија и на Бугарија која треба да работи на отворените историски и образовни прашања меѓу двете земји, откако владите во Скопје и во Софија го потпишаа Договорот за добрососедство. Нашите и историчарите од Бугарија со тоа ќе ги […]

Кумуцакос: Ако решението не е добро за земјата, ние како влада одново ќе преговараме


Решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, ние како влада одново ќе преговараме, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. – Ако владата не постигне добро решение, бидејќи ние не веруваме во решение само за да биде решение, туку веруваме само во решение […]

„Република Северна Македонија“ е договореното име за решение?


„Република Северна Македонија“ е најверојатно договореното име од рамката која ја договориле Димитров и Коѕијас за постигнување на решение за името, дознава Телма од дипломатски извори. Рамката договорена меѓу двајцата министри предвидува и план за конечно затворање на спорот кој се состои од 11 чекори, а која се очекува да биде верификувана утре од премиерите […]

Мас – Коѕијас: Германија заинтересирана за решение за името


Спорот за името меѓу Македонија и Грција бил високо на агендата на денешната средба на шефовите на германската и грчката дипломатија Хајко Мас и Никос Коѕијас во Берлин. Од германска страна по состанокот уште еднаш била искажана целосна поддршка за изнаоѓање решение на деценискиот спор, јави Дојче Веле. Мас го поздравил развојот на досегашниот тек на […]

Преку волонтеризам до поттикнување на вработувањето


Повеќе од 20 млади луѓе од земјава земаа активно учество во проектот со наслов: „TrainVol: Градење капацитети во граѓанското општество за зајакнување на управувањето со волонтерство и промовирање на волонтерството меѓу младите“, финансиран од страна на Еразмус + програмата на Европската унија. Целта на 18-месечниот проект беше да им даде нови насоки на младите луѓе, […]

МВР: Од 12 случаи на напади врз новинари од 2017 до денес само еден не е расчистен


Министерството за внатрешни работи изработи извештај за прецизно утврдување на нивото на кое се наоѓаат истрагите за случаи за напади врз новинари за периодите од 2013 до јуни 2017 и 2017 до денес со цел да се утврди динамиката на спроведување на оперативните истражни дејствија во службите на МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска […]

VMRO-DPMNE and (de)Gruevisation


Former Prime Minister Nikola Gruevski is right when he says that in his “time”, referring to the ten years spent at the helm of Macedonia, he did not know any of the judges. If they believe the “bombs” that the then-opposition was broadcasting, and the current government, some other people in his closest environment and […]

Нова демократија со предупредување до грчката Влада за прашањето за името


Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија. Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните натписи во грчките медиуми, според кои, како што утрово објави МИА, предвидена е […]

Катругалос: За договор е потребна смела одлука од Заев


За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ – Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на […]

Со реконструкцијата на Владата се зголемува владејачкото мнозинство во Парламентот


Во Собранието на Република Македонија се уште функционираат истите пратенички групи. Промени нема, но после петок, кога е закажана седница за избор на нови членови на Владата, треба да се очекуваат имајќи предид дека крилото на Беса предводено од Африм Гаши и тројца пратеници стануваат дел од владејачкото мнозинство. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече […]