Стефанова згрозена од снимката за „Рекет“


  Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев. – Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го […]

Мораториум на градби на територија на Општина Охрид до донесување на Планот за УНЕСКО


Со 20 гласа „за“, двајца воздржани, советниците Нефи Усеини и Џемаил Мена, Советот на Општина Охрид на денешната седница ја изгласа Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. -Особено ме радува фактот што како охриѓани покажавме заедништво и единство за теми […]

На Богородица, Табановце и Блаце се чека до 45 минути


На граничните премини Богородица, Табановце и Блаце возилата се задржуваат од 30 до 45 минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ […]

Во Врховен не е пристигнато решението на Кривичниот суд за Томор Морина


Решението на Кривичниот суд со кое се одбива барањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина во Србија, се уште не е пристигнато во Врховниот суд. Од Врховен за МИА велат дека откако ќе пристигне кај нив, решението ќе биде испратено за мислење до Јавното обвинителство. Соред законската процедура, откако ќе го изготви […]

Над 40 степени до средината на наредната недела


Многу топлото време со температури и над 40 степени ќе се задржи до средината на наредната недела. Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Потоа до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. […]

Ќе се реновираат 34 јавни здравствени установи


Министерството за здравство почна постапка за реновирање 34 здравствени установи и набавка на опрема за нивните потреби. На 6-ти овој месец, како што информираат од Министерството, е објавен тендер за градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна […]

Јовески за „Независен“: Снимката не е излезена од Обвинителството


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески тврди дека денешната снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“, на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекле од Обвинителството. „Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески […]

Апел да не се фрла органски отпад на јавни површини


Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам граѓаните да бидат внимателни и да го одлагаат отпадот од животинско потекло во посебни садови од пет метри кубни што ќе бидат поставени на неколку локации во Скопје. Целта е да не се загадува животната средина, да се спречи ширење непријатна миризба и евентуални зарази.  Ова денеска го […]

Одбележани 18 години од нападот кај Карпалак


Со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје претпладнево беше оддадена почит кон 10-те загинати бранители од прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит им оддадоа претставници на Владата, Министерството за одбрана, од Кабинетот на Претседателот, Собранието, општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката […]

Културно лето во Карпош


Од 29 до 31 август (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Културно лето Карпош 2019. Станува збор за традиционалната културна манифестација, која оваа година ќе се одржи на две различни локации: плоштадот „Делфина“, во Влае 2 и платото на „Млечен“ (пред „Ли“ кафе), во урбаната заедница Владо Тасевски. Како и мината година, и оваа, […]

„Школка“ добива нов лик


Екипи на Град Скопје синоќа ја почнаа реконструкцијата на популарната „Школка“ во Градски парк. „Во наредниот месец ова омилено катче на скопјани после долго време ќе биде целосно обновено и ќе биде подготвено за почетокот на новата богата културно забавна есенска сезона“, стои во објавата на Град Скопје на Фејсбук.

Обвинителството не открива дали ја има снимката на „Ла Верита“


Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната и дали ја имаат како доказен материјал видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“. – Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој […]

„Рекет“ : Објавено видео како Боки 13 и Кичеец ги земаат парите од Камчев


По македонските портали се објавуваат дел од снимките за „Рекет“ каде најбогатиот Македонец, бизнисменот Орце Камчев му исплаќа пари на Боки 13 и Зоки Кичеец. Видео снимката од Зоран Милески Кичеец и од Бојан Јовановски, и снимен телефонски разговор меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски прв ја објави италијанскиот медиум „ЛаВерита“, а потоа беше преземена […]

Санкционирани 23 возачи кои користеле мобилен


Во Скопје и во околината вчера се случиле девет сообраќајни несреќи, во кои три лица се тешко повредени, а други две полесно. Од сообраќај биле исклучени 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, седум други биле пијани, 13 немале возачка дозвола, информираа денеска од СВР Скопје. Исто така, 16 возила кои не […]

На граничните премини нема подолги задржувања


На граничните премини, од македонска страна, изутринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ потсетува на воведенеиот привремен режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, […]

Антиката ќе почека нова грчка комисија


Промената на власта во Грција ги запре преговорите во Комисијата за учебници. Иако од грчката страна стигнаа информации оти голем дел од отворените прашања биле решени во нивна полза, фактите на терен говорат дека во моментов има целосен застој во дијалогот, затоа што Македонија нема со кого да преговара. Според информациите од нашата страна, Грција […]

Деполитизација на БЈБ во интерес на граѓаните


Деполитизација, целосно исклучување на можноста за политичко влијание, континуирани реформи во насока на целосна професионалност, владеење на правото и етичко однесување се насоките во кои треба да се движи работата во Бирото за јавна безбедност (БЈБ), за да ја оствари основната функција – заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, заштита на слободите […]

Портокалово ниво на опасност од топлото време


Од жолто ниво на целата територија на државата вчера,  денеска во некои делови е активирано повисоко, портокалово ниво на опасност од високите температури и УВ-зрачење. Предупредувачкото портокалово е активирано за скопското подрачје, Повардарието и источните делови од земјава. УХМР соопшти дека под влијание на многу топла воздушна маса, до средината на наредната недела времето ќе […]

Оддадена почит за десетте загинати бранители кај Карпалак во 2001


Со полагање цвеќиња пред споменикот на 10-те загинати на Карпалак во прилепската касарна „Мирче Ацев“ и со почит за загинатите бранители почна одбележувањето на 18-годишнината од масакрот кај месноста Карпалак. На патот Скопје-Тетово, на 8 август 2001-та во заседа загинаа 10 прилепски воени резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе […]

Панов: Некој тенденциозно ме пријавил, се работи за модерна нумизматика


Некој тенденциозно ме пријавил од лични причини, се работи за модерна нумизматика. Ова го кажа поранешниот градоначалник на Кавадарци Александар Панов по информациите дека кај него биле поронајдени над илјада археолошки монети. – Се работи за модерна нумизматика и пријавата најверојатно е злонамерна и со тенденција да ми се наштети. Нема стари момента во мојата […]