Заев: Ние сме пример за европски манири


Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски, рече премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Брисел, осврнувајќи се на синоќешните националистички скандирања на плоштадот во Скопје на прославата со ракометарите на РК „Вардар“ кои вторпат ја освоија титулата европски првак. Знам, додаде …

Заев: Ние сме пример за европски манири Read More »

Македонија добила уверување од ЕК дека ќе има датум за преговори во јули


Одлуката за датум за старт на преговори најверојатно може да се очекува во текот на јули, порача попладнево претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, јави дописничката на МИА од Брисел. По безусловната препорака за старт на преговори дадена од Европската Комисија во своите редовни извештаи за земјите од Западниот Балкан на 29 јуни, земјите …

Македонија добила уверување од ЕК дека ќе има датум за преговори во јули Read More »

Делегацијата на ВМРО на средба со Хан: Честитки за реформските закони


Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, составена од потпретседaтелот Александар Николоски, пратеникот Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски, денес во Брисел остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. „Во текот на средбата, еврокомесарот беше информиран за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на одржаните претседателски избори. При разговорот со Хан, посебно беа нагласни сериозните злоупотреби …

Делегацијата на ВМРО на средба со Хан: Честитки за реформските закони Read More »

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рамки на ЕУ


Доколку ова лето не добиеме датум за преговори за мене тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рамките на ЕУ и не само визија за иднината на Западен Балкан, туку и визија за иднината на самата ЕУ и целиот европски континент, е пораката упатена од поранешниот претседател Бранко Црвенковски на денешната …

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рамки на ЕУ Read More »

Декларација на поранешни лидери од регионот, побараа храбри политички одлуки од ЕУ


Европската унија и нејзините лидери да ја одржат отворена кредибилната перспектива за пристапување врз основа на строги, со правични критериуми за пристапување во согласност со поединечните заслуги и постигнувања на секоја држава. Таков повик упатија во заедничка Декларација поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски и поранешните претседатели на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Алфред …

Декларација на поранешни лидери од регионот, побараа храбри политички одлуки од ЕУ Read More »

Одложен министерскиот состанок за прекугранична соработка во Солун


Квадрилатералната средба, односно петтиот состанок за прекугранична соработка на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, закажан за 10 и 11 јуни во Солун е одложен, јави дописничката на МИА од Атина.   Според Министерството за надворешни работи на Грција, дополнително ќе биде соопштен новиот термин за одржување на состанокот.

Пендаровски: Од ЕУ очекувам неодложно да одредат датум за преговори


Како претседател на Северна Македонија, од Европската унија очекувам лидерство и решителност, очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство. Тое е добитна комбинација за сите засегнати страни, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска …

Пендаровски: Од ЕУ очекувам неодложно да одредат датум за преговори Read More »

Османи: Направивме големи чекори кон стратешката цел


Северна Македонија направи големи чекори кон стратешката цел. Земјата ја покажа својата решителност да ја унапреди реформската агенда на ЕУ и има испорачано конкретни и одржливи резултати, оцени вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на регионалната конференција  „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје. Се што добивме, …

Османи: Направивме големи чекори кон стратешката цел Read More »

Kатастарски се уредува земјиштето за изградба на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров


Владата на вчерашната седница усвои Информација и Одлука за согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, со што, како што информира владината прес-служба, почнаа активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата којa е наменета за изградба на новиот Клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров. -На вчерашната седница владата ја разгледа ги …

Kатастарски се уредува земјиштето за изградба на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров Read More »

Ќе почекаме за билет за едно возење со градските автобуси


ЈСП „Скопје“ е во постапка за воведување билет за една употреба, кој најмногу им е потребен на туристите и граѓаните кои многу ретко го користат јавниот превоз во Скопје. Цената на билетот сè уште не се знае, иако уште кога се најави оваа новина, се шпекулираше со цена од околу 60 денари. Од ЈСП „Скопје“ …

Ќе почекаме за билет за едно возење со градските автобуси Read More »

Министерство за здравство: Со новиот клинички центар висококвалитетна здравствена заштита


Со изградбата на новиот Универзитетски клинички центар, здравствените работници ќе имаат подобрени услови за работа, младите идни колеги подобрени услови за образование, а сите заедно ќе добиеме висококвалитетна здравствена заштита и нега по најнови светски стандарди. Тоа го соопшти денеска Министерството за здравство по вчерашната одлука на Владата со којашто се овозможи да почнат активностите …

Министерство за здравство: Со новиот клинички центар висококвалитетна здравствена заштита Read More »

Заев во Брисел: Средби со Јункер, Хан и Могерини


Белгија– Премиерот Зоран Заев денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Брисел каде ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, комесарот Јоханес Хан и со потпретседателката на ЕК, Федерика Могерини. Заев со Јункер ќе разговара за последниот извештај на Европската Комисија за Северна Македонија, во кој се препорачува брзо и безусловно …

Заев во Брисел: Средби со Јункер, Хан и Могерини Read More »

Претседателот на Собранието во официјална посета на Швајцарија


Претседателот на Собранието Талат Џафери од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Швајцарската Конфедерација на покана од претседателката на Сојузниот парламент Марина Каробио Гускет. За време на посетата, собраниската делегација, во чиј состав се и пратениците Џевад Адеми, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова, ќе оствари средби со Марина Каробио Гускети, со сојузниот …

Претседателот на Собранието во официјална посета на Швајцарија Read More »

Министерките „обезбедени“ како ретки појави


Ниту една министерка нема да биде опфатена со претстојната владина реконструкција. Премиерот Зоран Заев објави вчера дека им се сигурни министерските места на Радмила Шекеринска, како вицепремиерка и министерка за одбрана на Рената Тренеска Дескоска од правда, на Мила Царовска од труд и социјална политика и на министерката без ресор Зорица Апостолска од редовите на …

Министерките „обезбедени“ како ретки појави Read More »

Владата одлучи неработниот 7 мај да се одработи на 8 јуни


Владата на седница донесе заклучок на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај кој поради посетата на папата Франциск беше прогласен за неработен ден во Скопје. Одлуката се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за градинките и здравствените …

Владата одлучи неработниот 7 мај да се одработи на 8 јуни Read More »

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам


Муслиманските верници во Македонија и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и …

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам Read More »

Ќе се бара притвор и за второосомничената А.Ѓ. за убиството на Пинета Секондо


Јавното обвинителство ќе побара притвор и за 22-годишната А.Ѓ. од Скопје, второосомничена за убиството на 26-годишниот Пинета Секондо, поради тоа што по дополнителна истрага постојат сомневања дека го повикала сега починатото лице, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото и негово криење во близина на село Љуботен, …

Ќе се бара притвор и за второосомничената А.Ѓ. за убиството на Пинета Секондо Read More »

Амбасадори од Северноатлантскиот совет ја посетија касарната „Илинден“


Дел од делегацијата на Северноатлантскиот совет кој денеска, заедно со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг се во посета на Република Северна Македонија, ја посетија касарната „Илинден“ каде беше презентирана Лесната пешадиска чета, а беше реализирана и показна вежба. Пред дванаесетте амбасадори и шефови на делегации беа претставени капацитетите на Лесната пешадиска чета. Оваа чета …

Амбасадори од Северноатлантскиот совет ја посетија касарната „Илинден“ Read More »

Камчев во живо го следеше Вардар во Келн, а од СЈО дознаа преку ТВ


Македонскиот бизнисмен Орце Камчев, вчера беше виден во Келн за време на фајнал-фор турнирот од Лигата на шампионите и заедно со ракометарите на Вардар ја славеше втората европска шампионска титула, иако неговиот пасош беше одземен како мерка на претпазливост, како еден од осомничените во случајот „Империја“. Според информациите, од Основниот суд Скопје 1 по одлука …

Камчев во живо го следеше Вардар во Келн, а од СЈО дознаа преку ТВ Read More »

Претседателот Пендаровски ја прими австралиската амбасадорка Рут Карис Стјуарт


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Рут Карис Стјуарт, амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, како и информации за актуелните случувања во двете земји.  – Претседателот Пендаровски го потенцираше интересот на …

Претседателот Пендаровски ја прими австралиската амбасадорка Рут Карис Стјуарт Read More »