Одложен министерскиот состанок за прекугранична соработка во Солун


Квадрилатералната средба, односно петтиот состанок за прекугранична соработка на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, закажан за 10 и 11 јуни во Солун е одложен, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Според Министерството за надворешни работи на Грција, дополнително ќе биде соопштен новиот термин за одржување на состанокот.