Заев: Ние сме пример за европски манири


Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски, рече премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Брисел, осврнувајќи се на синоќешните националистички скандирања на плоштадот во Скопје на прославата со ракометарите на РК „Вардар“ кои вторпат ја освоија титулата европски првак.
Знам, додаде премиерот Заев, дека се работи за поединци.
-Имав прилика да го примам РК „Вардар“. Беа сите ракометари, тренерот и ветија дека ќе дадат право сите да се радуваат за европската титула, рече Заев и додаде дека сите треба да се однесуваме еворопски, затоа што тоа е обврска на граѓаните, а ние сме пример за европски манири.