Претседателот на Собранието во официјална посета на Швајцарија

Претседателот на Собранието Талат Џафери од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Швајцарската Конфедерација на покана од претседателката на Сојузниот парламент Марина Каробио Гускет.

За време на посетата, собраниската делегација, во чиј состав се и пратениците Џевад Адеми, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова, ќе оствари средби со Марина Каробио Гускети, со сојузниот пратеник за плурилингвизам Николета Мариолини, со претседателот на Државниот совет Жан Рене Фурниер, како и со државниот секретар на Министерството за надворешни работи Кристина Марти Ланг.

Планирано е да има и презентација и дискусија за проектите на Дирекцијата за развој и соработка со Република Северна Македонија и со парламентарните служби.