Дане Талески ќе биде амбасадор во НАТО


Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески е кандидат за амбасадор во НАТО, потврдија владини извори. Кандидатурата на Талески, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја достави на владина седница в четврток. Извори од владата велат дека предлогот е усогласен со шефот на државата Стево Пендаровски. Амбасадорското место во НАТО досега […]

ЈО отвори предмет за објавените аудио снимки на социјалните мрежи


Јавното обвинителство отвори предмет за новите аудио снимки кои во саботата беа објавени на „Јутјуб“ каналот потврди државниот обвинител Љубомир Јовески. Ќе се испитува кој ги објавил снимките, идентитетот на лицата што разговараат и содржината на разговорите. Преку доказите ќе се утврди дали лицата ќе бидат повикани за исказ во Обвинителството и дали има елементи […]

Приведен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на премиерот


Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“. – Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на Северна Македонија, Секторот за компјутерски криминал, […]

Пожар во стан на „Рузвелтова“


Попладнево изби пожар во стан на петтиот кат во зграда на улицата Рузвелтова, спроти седиштето на Специјалното јавно обвинителство. Противпожарни екипи се веќе на терен и се трудат да го изгаснат пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.

Деркоски: Гласачите од Пустец сè уште се на избирачкиот список


Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош. Ова го вели Оливер Деркоски, претседател на Државна изборна комисија (ДИК) во неделното интервју на РСЕ. На прашање дали МВР или Обвинителство поднеле до ДИК некаква претставка или барање, Дерковски вели: „Не, не ни можат и […]

Пендаровски за Детектор: Не сум убеден дека ќе има избори на 12 април – тоа не зависи од мене


Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во своето интервју за емисијата Детектор. Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите. […]

Димитров во Брисел ќе бара преговори без одлагање


Министерот за надворешни работи  Никола Димитров, на 9 и 10 декември  ќе престојува во работна посета на Брисел.Во понеделник, министерот Димитров ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас. Работниот појадок, непосредно пред одржување на Советот […]

Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата


Албанската полиција уапсила две лица под обинеие дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра. Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор. Во рамки на полициската акција „ Lake“, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител […]

Законот за јазици ќе претрпи ревизија


Владата ќе ја почитува препораката од Венецијанската комисија. Законот за употреба на јазиците по трет пат се враќање пред пратениците. Откако Венецијанската комисија побара негово преиспитување премиерот Зоран Заев најавува ревидирање на Законот – и  враќање во Законодавниот дом откако Министерството за правда ќе ги подготви измените, кој според него ќе бидат  во согласност со […]

Речиси сите повредени во автобуската несреќа пуштени на домашно лекување


Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте македонски автобус кој превезувал патници за Копаоник, сите тие се пуштени на домашно лекување. Повеќе нема згрижени пациенти ни во болницата во Блаце и сите тие се пуштени на домашно лекување.Една потешко повредена пациентка е хоспитализирана […]

Масовни апсења по пукањето во Александар Палас


Во широка полициска акција на 34 локации во Скопје уапсени се 10 лица осомничени за предизвикување општа опасност, доведување во опасност на службено лице, нелегална трговија со наркотици и незаконско поседување оружје. Според МВР, неколку од приведените се осомничени и за вмешаност во пукањето во хотелот Александар Палас пред неколку дена. Сепак, полицијата не успеа […]

Почна исплатата на парични средства по основ на МојДДВ


Околу 21 милион денари од мерката МојДДВ веќе се префрлени на сметките на 16.600 граѓани на првиот ден од повратот. Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска во одговор на прашање на прес-конференција за проектот за поставување фотоволтаици на јавни објекти. Таа додаде дека исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна […]

Во понеделник ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред


ЈСП информира дека во понеделник (9.12.2019 година) кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември („Св.Климент Охридски“), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот. Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 […]

За „Св. Климент Охридски“ бесплатен паркинг во Центар


По повод претстојниот државен празник „Св. Климент Охридски“ на 09.12.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.С.М. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 10.12.2019 година (вторник) со вообичаено работно време – […]

Нов обид за избор на државен ревизор


По две години без директор , клучната институција што контролира како се трошат државните пари, Државниот завод за ревизија, денеска по се изгледа ќе добие прв човек. Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски, за денеска закажа продолженија на три седници, а на едната од нив повторно е изборот на […]

Пендаровски и Димитров заедно во Берлин


Претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Берлин ќе учествуваат на конференцијата „Балкански дијалози“. Пендаровски ќе има обраќање на пленарната сесија на тема „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“, а Димитров на сесијата посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“. На собирот што што го […]

Ќе се покрене ли прашањето за одговорност на Иванов?


Дебатата што се разви по иницијативата за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за помилување го отвори  прашањето за одговорноста на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за дадените помилувања во 2016 година на педесеттина лица, кои беа опфатени со обвиненија и истраги во предметите што ги почна СЈО.Министерката за правда Рената Дескоска, која побара […]

Куманово , Скопје и Битола синоќа се гушеа


Куманово , Скопје и Битола синоќа се гушеа. Мерните станици покажуваа нивоа на загаденост дури шест пати над дозволеното ниво а утринава ситуацијата е малку подобра. Сепак, загадувањето кое утрово во главниот град е над дозволената граница во повеќе општини. Најзагадено е во Ѓорче Петров со 84 микрограми ПМ 10 честички на м3, а веднаш […]

Камчеви ќе сведочат за „Рекет“


Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше […]

Уставните судии ја одложија расправата за помилувањата на Иванов


На денешната седница, уставните судии ја одложија точката за одлучување за нацрт-решението за одлучување за поништувањето на помилувањата кои ги даде поранешниот претседател  Ѓорѓе Иванов. На предлог на судијата Осман Кадриу, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела […]