Кризниот штаб расправал за скратување на полицискиот час


Фото: Б. Грданоски

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19 до 5 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

По појава на корона вирусот во Северна Македонија, првично полицискиот час почна да се применува од 21 до 5 часот, односно оваа одлука траеше неколку дена и потоа беше заменета со времетрање на полицискиот час од 16 до 5 часот.

Воедно од Владата на неколку наврати информираа дека олеснување на рестриктивните мерки ќе почне да се применаат после 1 мај.