Последното деноноќие приведени 89 лица за прекршување на полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие   на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени или лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие  на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.