Откриена болеста „њукастел“ во одгледувалиште во општина Гази Баба


Во одгледувалиште на живина во општина Гази Баба откриена е болеста њукастел. Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето. Вирусот е лабораториски потврден вчера од страна на Факултетот за ветеринарна медицина. Донесено е решение со кое му се наложува на […]

За Велигден нема одење во црква


Во однос на заострување на мерките за заштита од корона вирусот, во периодот околу Велигден, министерот Венко Филипче, рече дека не размислуваат во таа насока. Смета дека овие мерки кои се воведоа до сега, се доволни за заштита на населението од ширење на корона вирусот. Ако се знае дека Велигден секогаш е во недела, а […]

Прв случај на позитивен на коронавирус во Пробиштип


Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на Ковид 19, информираше денеска градоначалникот на Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита. – Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата […]

Општина Шуто Оризари апелира: Не споменувајте каде живеат заболените!


Општина Шуто Оризари и Кризниот штаб апелираат до граѓанските организации во иднина да не ја известуваат јавноста за заболени по улици, како што е случајот со „Брсјачка буна“. – Самото спомнување на заболени кај населението од таа улица, која брои над 400 домаќинства, создаде паника и дополнителна стигматизација на дел од лицата кои изминатиов период […]

Притвореник во Шутка позитивен на корона вирус


Министерот Венко Филипче соопшти дека еден притвореник во затворот во Шутка починал од срцен удар, но тестот потоа покажал дека бил заболен од корона вирус. Во затворот се преземаат мерки за да се спречи ширењето на епидемијата. Според министерот, кога бил примен во затворот на 8 март, притвореникот немал симптоми, но подоцна, откако починал, брисот […]

Мајка и четиримесечно бебе од Кочани се лекуваат од Ковид 19


На Инфективната клиника во Скопје денеска се примени нови пет пациенти, со што вкупниот број на пациенти на клиниката е 68. Дваесет се со потешка клиничка слика, од кои седум критично и се приклучени на респиратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. На Клиниката има мајка и четиримесечно бебе од Кочани, заболени од Ковид 19, […]

(Во живо) Прес на министерот Филипче


По пауза од еден ден, министерот за здравство Венко Филипче, за денеска, закажа нова прес-конференција, околу најновите состојби во борбата против корона вирусот. Филипче ќе одржи прес-конференција во 15 часот. Проследете ја во живо.

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. За време на разговорот, претседателот Пендаровски, во име на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, изрази благодарност до претседателот Ердоган за медицинската опрема, во скафандери, маски и тестови којашто пристигна од Турција, […]

Произведени и донирани 6.500 визири, апел за помош при набавка на варелит


Групата активисти од „3Д принт медицинска опрема“ која до 7 април произведе и дистрибуираше 6.500 заштитни маски со визири, финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми, апелира за поддршка во снабдување со верелит (проѕирниот дел од визирот) затоа што има потешкотии за негов увоз. -Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) […]

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци


Локалната самоуправа на Зрновци ја заврши втората фаза од проектот за изградба на етнокуќа и регионален етнопарк, за што се инвестирани околу 3,5 милиони денари. Најголем дел од средствата ги обезбедија Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиски учествуваше и Општина […]

Нови 46 случаи со ковид 19, нема починати


Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица. Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1. Во изминатото деноноќие направени се […]

Ефтимов: Факултетите на УКИМ со поделени мислења за онлајн полагање на испитите


Онлајн-настава на 23-те факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје се реализира делумно или целосно. За професори кои не држат онлајн-предавања има и алатка за пријавување, а студентите кои имаат предлози како електронската настава да се унапреди, може да ги контактираат факултетските студентски собранија. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на  Скопскиот универзитет (УСС-УКИМ) Борјан Ефтимов […]

Филипче ја објави листата на сите донатори – собрани 59.300.000 денари


Министерот за здравство Венко Филипче, ја објави листата на сите донатори кои дадоа пари или медицински средства за институциите за да помогнат во борбата со корона вирусот. – Голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување […]

(Фото вест) Почна реновирањето


Граѓаните, покрај сите препораки да останат дома, за заштита од корона вирусот, не отстапија од своите идеи за реновирање. Бањата застарела, токму сега, во време на пандемија, па мора да се реновира. Но, ако деновиве научивме малку посовесно да одржуваме лична хигиена, онаа јавната, колективната, повторно ја загрозуваме. Навиките останаа исти, па целиот мебел од […]

Тимотеј: Половина од буџетот на МПЦ ни е од Велигден


Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, вели дека половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и дека  тие сериозно се погодени од кризата. Сепак, тој најави дека за празникот ќе опстојат на одлуката да се почитуваат мерките  за справување со епидемијата од корона вирусот и нема да организираат масовни […]

Димитров со колегите од Западен Балкан бараат од ЕУ изземање од извозните рестрикции за одредени медицински производи


На иницијатива на шефот на дипломатијата Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денеска испратија писмо до Европската комисија, со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи. […]

Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје. Како што соопшти неговиот Кабинет, за време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19. Претседателот Пендаровски оддаде признание за макотрпната работа […]

Во Дебар уште осум лица во самоизолација, граѓаните го почитуваат карантинот


Во општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места и нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, во Дебар се евидентирани осум нови лица во самоизолација, а врз сите што се во самоизолација се извршени 68 контроли. […]

Дванаесет лица во самоизолација во Малешевијата


Пехчево и Берово се меѓу општините кои се уште му одолеваат на коронавирусот. Ова, според епидемиологот Сузана Каракашева, се должи на свеста на граѓаните за задолжителното почитување на мерките и препораките на Владата и Министертстворо за здравство. Во моментов, од сите 12 лица кои се наоѓаат во самозиолација во Пехчево и Берово, ниту еден нема […]

Полицискиот час го прекршиле 97 лица, 62 биле приведени


Вкупно 97 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето изминатото деноноќие, од кои 5 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 62 лица, опоменати се вкупно 10 лица, а за 23 лица земени се податоци за понатамошно постапување. […]