Кафето ја „разбуди“ чаршијата (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Мирисот на свежо подготвеното турско кафе послужено на терасите,  ја „разбуди“ денес чаршијата, по два и пол месеци во карантин. Скопје денес живна, иако посетителите не ги поздрави сонцето, туку краткотрајниот дожд како потсетување дека отсега скопската шема треба да биде поодговорна, да носи маски, да седи на дистанца и да почитува протоколи.

Фото: Б. Грданоски

Наместо вообичаената слика -очила за сонце и мобилки, терасите денес осамнаа со заштитна опрема, дезинфекциони средства на речиси секоја маса, редарска служба на влез, и оддалечени маси. Угостителите кои денес сефте ги отворија своите објекти, велат дека ќе го почитуваат протоколот, а истото го очекуваат и од гостите.

Фото: Б. Грданоски

Од државниот инспекторат велат дека ќе вршат контроли, но сопствениците на објектите ќе ја имаат обврската да го спроведуваат протоколот. Ова значи дека угостителите ќе треба да побараат лични карти од гостите за да утврдат дали се од исто семејство и да им дадат соодветни места на нивните гости. Ова во најголем дел се однесува на четири лица кои ќе посетат кафуле или ресторан да бидат од исто семејство. Според проколот на маса ќе може да седат само двајца, но е предвидено и до 12 лица но со растојание меѓу нив од метар и половина.

Фото: Б. Грданоски

Погледнете ја фото-галеријата на нашиот фотограф Борис Грданоски. Откријте зошто атмосферата во Старата скопска чаршија му беше поинтересна од онаа во центарот на Скопје.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски