(Видео) Владата обезбедила 25 респиратори, нарачала уште 30


Вицепремиерот Бујар Османи извести денес дека се обезбедени 25 респиратори  со пари донирани од норвешката амбасада, кои сега се во депо во Турција и се бара начин како да се донесат во Македонија. Според Османи исто така се нарачани 30  респиратори од Кина , на што е одговорено позитивно, но мора да се чека тие […]

Уште два дена врнежи, од недела потопло


Утре и во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови, информираат од Управата за хидро-метеоролошки работи. Од УХМР најавуваат дека во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.

Училиштата активни онлајн чекаат насоки за оценувањето, средните и за матурскиот испит


Е-учењето е голем предизвик за нашата земја, но воедно и голема шанса ИТ-технологијата понатаму повеќе да се применува во наставата. Основните и средните училишта со интерни модели и  според техничките можности се обидувааат да ја продолжат наставата прекината на 11 март, како прва мерка на Владата да се спречи ширење на заразата од Ковид-19, а […]

Вратени уште 42 македонски граѓани од странство


Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со МНР на  Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово  организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја. Тие се донесени со 16 автомобили, а  ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата. Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран […]

Сега банките се на потег – како да се одложат кредитите и ратите


Ако физичкото лице во рок од десет дена писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена   Создадени се неопходните услови банките да почнат да ги одложуваат обврските на граѓаните и на фирмите, кои трпат последици […]

Магла на Шапка и Плетвар, снег во Маврово и на Стража


Намалена видливост до 20 метри, поради појава на магла, утринава има  на Попова Шапка и на планинскиот премин Плетвар каде видливоста е од 50 до 80 метри. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато. Од Автомото сојузот информираат […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините […]

Сега ја чекаме листата на задачи од Брисел – интервју со Бојан Маричиќ


По одлуката на ЕУ за почеток на преговори веднаш ќе го интензивираме процесот на целосно составување на тимовите и интензивни средби на работните групи, вели во интервју за „Независен“ националниот координатор за ЕУ, Бојан Маричиќ   Љупчо Поповски Одлуката на ЕУ конечно да ги почне пристапните преговори со Македонија ќе ја внесе во нова брзина […]

Вархеји го известил Спасовски за помошта од ЕУ


 Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, со писмо го информираше претседателот на Владата Оливер Спасовски дека веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ-интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.  Вархеји во писмото навел дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра […]

Османи: Не работевме за датум за почеток на преговори со ЕУ, туку за одлука


Важна е политичката компонента, а тоа е одлука за почеток на преговорите, другото се технички аспекти од процесот. Кај нас цело време беше погрешна прецепцијата дека ние  работиме за датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Ние работевме за одлука. Ние 15 години немавме одлука за започнување на преговори, бидејќи претходно имавме вето од […]

Добрите вести од ЕУ ја раздвижија и Македонската берза


Берзанскиот индекс МБИ 10 на Македонската берза денес се зголеми за четири проценти, завршувајќи го денот на 3.677,48 поени и прекинувајќи го речиси дваесетдневниот тренд на намалување на цената на акциите. По вчерашниот пораст за четириесетина поени, денешните 1.142 поени, според берзанските познавачи, се на некој начин верификување на добрите вести кои вчера пристигнаа од […]

Никола Димитров: ВМРО-ДПМНЕ е како „вирус“


Откако денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека последниве денови министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на патувања во странство и ручеци за четири дена минатата недела потрошиле осум милиони денари со жестока реакција се јави шефот на дипломатијата. Димитров ја обвини опозицијата дека шири неверојатни лаги и дека претставува политички […]

Мојсоски за МИА: Во Идризово нема никакви индикации за коронавирусот


Тројца лекари и четири медицински сестри се задолжени во моментов за здравствената состојба на над 1.150 затворениците во најголемиот затвор во Северна Македонија, КПУ Идризово, во кој, како што нагласи за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски се преземени сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со коронавирусот. Управата за извршување […]

Комбинираната терапија не се дава на сите пациенти, може да предизвика компликации


 Двајца пациенти со коронавирус на Клиниката за инфективни болести се ставени на комбинирана терапија со лековите хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Оваа терапија не се дава на сите пациенти, потребно е претходно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ). Значи ако има и најмала промена во ЕКГ-то […]

Филипче: Вакцинирањето на учениците може да се одложи за два до три месеци


Новороденчињата и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата. Во однос на опасноста од ширење на вирусот […]

Викендот подолг полициски час -забрането движење од 16 до 5 часот


Владата донесе одлика да го продолжи полицискиот час во текот на викендот и место од 21 часот тој  да почне од 16 часот. Ова го соопши портпаролот на Владата на прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче.

Петмина од кожната клиника се позитивни на корона вирус


Петмина од медицинскиот персонал од клиниката за кожни болести се позитивни на Ковид-19, информираше на денешната перс конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Сите го поминале инкубацискиот период без симптоми, но нивните тестови покажале позитивен наод на вирусот. Филипче појасни дека сите се во домашна изолација и се во добра општа состојба. Инаку, ова се […]

Двајца припадници на Армијата позитивни на коронавирусот


Подофицер и војник во Армијата на Република Северна Македонија се позитивни на коронавирусот Ковид-19, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал. -Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на […]

Почина пациентката од Дебар што беше на респиратор


Пациентката на Дебар што повеќе денови беше на респиратор, а состојбата постојано и беше критична, почина денеска пред неколку часа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Пациентката беше на возраст од 66 години, а долги години страдала од висок притисок, појасни Филипче. Таа е трета жртва на корона вирусот во Македонија.