Хрватска ги отвори границите, Македонија надвор од списокот


Станува збор за земји-членки на Европската унија: Словенија, Германија, Австрија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Естонија, Латвија и Литванија.

„Со оглед на одличните резултати од нашата состојба и што успеавме да ја победиме епидемијата во првото полувреме, успеавме да направиме план каде што ќе ги отвориме граничните премини за граѓаните на голем број земји. Се отвораме поради туризмот“, изјавил рече тој.

Пленковиќ додал дека тоа е сторено во согласност со епидемиолошката состојба во тие 10 земји.

„Трендовите се такви што можеме да донесеме таква одлука. Тоа е дел од нашите подготовки. Како што се подобрува ситуацијата, ние ќе го прошириме списокот на земји“, рече Пленковиќ.

Како што најави, ќе биде овозможено полесно влегување во земјата со помош на апликација. Таа ќе биде на 12 јазици,а за сега е само на англиски јазик.

При влегувањето во земјата, на лицата ќе им биде побарано живеалиштето, и-мејлот и телефонскиот број „за да можат да ги контактираат во случај на епидемиолошка потреба“.