Брнз: Прелетот на авионите за добредојде во НАТО израз на нашата трајна поддршка (галерија)

Фото: Б. Грданоски

Прелетот на американски воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Фото: Б. Грданоски

-Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО . Со право и точно е дека во изминатите неколку недели нашиот најголем фокус беше на заедничјата борба против Ковид 19, но не требна да дозволиме тоа да ги замагли историските достигнувања на земјата –  влезот во НАТО и добивањето на зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Ова беа аспирации на нашите две земји повеќе од две деценмии. И покрај тоа што во изминатиов период нашето внимание беше насочено кон борбата со пандемијата сепак, со овој предизвики се соочивме заедно како сојузници. Исто така САД навистина покажува  со овој начин дека е тука и го поддржува НАТО сојузот и напшиот нов сојузник. Овој прелет кој што денеска го проследивме е симбол на фазата на продлабочувањето на нашето партнерство, рече Брнз која прелетот на воздухопловите на американското воено воздухопловство го проследи со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Фото: Б. Грданоски

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два авиона на грчката воена авијација денеска извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија во чест на нашето членство во НАТО.

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.  Авионите над нашата земја летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.