Од денес повторно важи бесплатниот јавен превоз за пензионери


Фото: Б. Грданоски

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) соопшти дека од денес пензионерите ќе можат повторно да ги користат бесплатно во градските автобуси. Пред да биде воведена вонредната состојба и сетото мерки за борба прптив пандемијата со коронавирусот пензионерите бесплатно се возеа во вторник, петок, сабота и недела.

По два месеци пауза пензионерите повторно без да плаќаат ќе ги користата услугите на градскиот превоз.

-Информираме дека од петок (28.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, соопшти ЈСП.

Од ЈСП за одлуката да ги отворат вратите на своите автобуси за бесплатен превоз на пензионерите, иако битката со короанвирусот не е завршена, а токму повозрасните граѓани се во поризичната група, велат дека ја донеле во конслултација со надлежните институции.