Спасовски: По првомајските празници да започне процесот на враќање на животот во нормала


Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници. – Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил. Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше […]

Прв случај на коронавирус во Пехчево


Првиот позитивен случај на КОВИД-19 доцна синоќа го потврди и градоначалникот Драган Тренчовски кој упати смирувачки тонови до граѓаните велејки да не се шири паника помеѓу граѓаните. Прв позитивен случај на коронавирус во Пехчево. Станува збор за лице вработено како возач во Итната медицинска помош во Пехчево кое по соопштувањето на резултатите се наоѓа во […]

Земјотрес во тетовско


Земјотрес со интензитет од три степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска 43 минути по полноќ на 71 километар југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, […]

ВМО-ДПМНЕ тврди: Вонредната состојба се злоупотребува


  ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани. -СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.Додека сите во регионот одвојуваат […]

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд


Времето денеска преку денот ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во југоисточните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи […]

Демант од Бигорски: Во манастирот имаше монаси, монахињи, верници волонтери, штитеници


Од Бигорскиот манастир ги отфрлија наводите дека таму синоќа не се почитувале препораките на властите и дека верниците го прекршиле полицискиот час, како и дека биле доведени во опасност од зараза. Ви го пренесуваме во целост: „Почитувани новинари, верници и сограѓани, Бидејќи денеска во некои медиуми се појавија написи на одредени слабо информирани и недоволно […]

Што се случувало вчера во Јован Бигорски?


Алијансата за Албанците бара да се испита прекршувањето на мерките против корона вирусот во манастирот Св. Јован Бигорски, каде што се собрале стотици православни кристјани на литургија. „Испраќаме честитки до секој православен верник што денес слави со надеж мирот и здравјето да бидат присутни во секое семејство. Сепак, славењето на овој празник не треба да […]

Помпео ни го честиташе Велигден


Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа испрати поздрави до сите православни христијани кои викендов го одбележуваат празникот Велигден – Христовото Воскресение. -Испраќаме велигденски поздрави и посакуваме радост во ова благословено време на годината. Иако црквите низ цел свет од неодамна се празни, вербата го полни светот секој ден, се вели во честитката што Помпео ја […]

Излечени 15 пациенти, новозаразени 37, двајца починати


Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на корона вирус во земјава, соопшти Министерството за здравство. – Скопје 8 – Куманово 9 – Прилеп 5 – Тетово 3 – Велес 3 – Охрид 8 – Кочани 1 Починаа двајца […]

Министерот Чулев се кршеше со јајца со полициските службеници


По повод големиот христијански празник Велигден, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје синоќа ги посети колегите, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода. На полициските службеници од православна вероисповед министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник Велигден, а на […]

Филипче: Нека празникот нѐ потсети колку е важно да се грижиме за здравјето, наше и на сите околу нас


Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. -Драги пријатели, Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи […]

Селектирањето отпад слаба страна на тетовци


Нема зголемување на совеста кај тетовци кога е во прашање оставањето отпадоци во специјализираните канти и контејнери за пластика, стакло, хартија. Комуналниот отпад се фрла без да се одвои, иако низ градот постојат десетици такви канти и контејнери. Воедно таквите садови за оставање различни видови отпад најчесто од неразбирливи причини се и оштетени. Една од […]

Заев: И Исус Христос би побарал да седиме дома


Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден испрати честитка до православните верници. -Како и секоја година, така и годинава, сите верници ќе му се поклониме на Севишниот човекољубец – Исус Христос, славејќи го неговото Воскресение, како празник над празниците. Како и секоја година, така и годинава, ќе се огласат црковните камбани […]

Г.Г. Стефан: Поминуваме низ период кој бара послушност и воздржување


Велигден, денот на Христовото Воскресение, е празник на победата и празник на животот, порача Г.г. Стефан на полноќната литургија што се одржа во тесен круг во Соборната црква. Тој притоа повика овој празник да не потсети да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелство, во овој свет во кој човештвото во голема […]

Пендаровски: Потребна ни е верба, храброст и трпение да го издржиме тешкиот период


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска упати видео-порака до граѓаните по повод најголемиот христијански празник Велигден. -Денес е најголемиот христијански празник, Воскресението Христово кој во себе ја носи моќната порака дека животот секогаш победува. Посакувам Велигден во вашите домови да донесе мир, хармонија и радост кои ќе ги споделите со најблиските. Оваа порака вообичаено ќе ви ја упатев по редовната служба по повод празникот на која традиционално присуствуваат голем број граѓани кои потоа […]

Интервју – Насер Нуредини: Полицискиот час ги намали азотните оксиди


Потребни ни се големи инвестиции во обновливи извори на енергија. Мораме да го развиеме производството на енергија од соларни извори, потенцијално и ветар, како и стратешко инвестирање во големи хидропотенцијали, вели Насер Нуредини, министер за животна средина   Љупчо Поповски Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вели дека намалувањето на азотните оксиди за време на […]

Владата најави: Сите ќе носиме маски, движењето уште повеќе ќе се редуцира


Пензиите ќе се даваат во групи, во супермаркетите ќе мора да носат заштитна облека, сите граѓани ќе треба да носат маски, а Куманово, Прилеп и Тетово ќе се стават под посебен режим. Само еден член од семејство ќе може да купува храна и лекови, сите медиуми ќе мораат да ги емитуваат информативните пораки на Владата,ќе […]

Од среда се забранува шетање без маска во Куманово, Прилеп и Тетово


Владата на денешната седница донесе одлука од 22 април населението на Куманово, Тетово и Прилеп задолжително да носи маски (или марами). За оние што нема да ги носат ќе им биде забрането движењето надвор од нивните домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или […]

Градоначалниците на Скопје со освежителни пијалоци во посета на полицајците


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во придружба на градоначалниците на скопските општини и заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови низ општините, а го посетија и СВР Скопје. При денешната обиколка, скопските градоначалници на сите службеници на МВР на пунктови, полициски станици и мобилни патроли им даваа освежителни […]

Заменик – директорот на кумановската болница позитивен на Ковид-19 – инфективно останува да работи


Заменик-директорот на кумановската болница Илбер Исуфи преку објава на неговиот  Фејсбук профил информира дека е позитивен на корона вирусот. Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро. – По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен, пишува Исуфи. Тој, воедно, […]