САД ја поздрави пресудата за „Рекет“


САД преку портпаролот на Стејт Департментот ја поздрави вчерашната пресуда на Кривичниот суд, во која поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби првостепена казна затвор од седум години, додека вториот обвинет Бојан Јовановски мина со девет години.

Тоа испраќа важна порака дека корупцијата нема да се толерира, рече портпаролот на Стејт департмент, во изјава за Гласот на Америка.

„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде казнета соодветно”, рече гласноговорникот.

Од Стејт Департментот додаваат дека и натаму одблизу го следат овој случај.и дека фер и непартиско менаџирање на судството е суштинско за иднината на Северна Македонија.