Лицата со попреченост целосно изземени од забраната за движење


Владата на денешната седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските …

Лицата со попреченост целосно изземени од забраната за движење Read More »

Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините


Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд. Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините. Утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува …

Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините Read More »

Спасовски: Одам во изолација, Владата ќе функционира непречено


Премиерот  Оливер Спасовски преку видео порача дека по препорака на епидемиолозите оди во домашна изолација, но дека  Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом. Воедно за Велигденските празници, премиерот Спасовски упати апел до граѓаните  да покажат одговорност и да ги почитуваат препораките со цел да се …

Спасовски: Одам во изолација, Владата ќе функционира непречено Read More »

Почина стружанец, 107 новозаразени во земјава


Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација. Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти …

Почина стружанец, 107 новозаразени во земјава Read More »

Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу полошките општини


По објавувањето дека во последните 24 часа во Тетово има заразени нови 6 лица, општина Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу општините. Барањето, кое го подржува и општина Боговиње веќе е упатено до Владата. „Општ заклучок е дека имаме нови 6 заразени лица со тенденција за зголемување на бројот, сите треба да нè направи …

Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу полошките општини Read More »

Филипче од дома ќе држи прес-конференција


Министерството за здравство соопшти дека Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со новодијагностицираните случаи со коронавирус во државава сè уште се подготвува и штом биде готов ќе биде доставен до медиумите. Во моментов, посочуваат од Министерството, се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум платформата од домот на …

Филипче од дома ќе држи прес-конференција Read More »

Премиерот, вицепремиер, двајца министри и државен секретар во изолација


По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, …

Премиерот, вицепремиер, двајца министри и државен секретар во изолација Read More »

Од утре забрана за движење во шуми во периодот од 6 до 20 часот


Од утре се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор. Забраната ќе важи од 06 до 20 часот, а ваквата одлука е донесена по барање на јавното претпријатие „Национални шуми“. Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои …

Од утре забрана за движење во шуми во периодот од 6 до 20 часот Read More »

САС на МПЦ-ОА: Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството


Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение повторно упатува апел и уште еднаш грижливо се обраќа до клирот и народот со повик во целост да се почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Во вонредните услови на пандемија, кога грижата за …

САС на МПЦ-ОА: Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството Read More »

(ВИДЕО) Пендаровски: Ограничувањата кај нас се меѓу најригидните


Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност изјави дека сите расположливи ресурси на државата се насочени кон справување со корона вирусот. Според него, има позитивен развој на ситуацијата во Дебар и во Центар Жупа, но се влошува во Куманово,а стагнира во Прилеп. Со оглед на оваа ситуација и со оглед на правните дилеми …

(ВИДЕО) Пендаровски: Ограничувањата кај нас се меѓу најригидните Read More »

Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирус


Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирус. Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ. Посочи дека докторките од 30 март се во домашна …

Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирус Read More »

Филипче: Од денеска сум во домашна изолација,


Министерот за здравство Венко Филипче штотуку објави на својот Фејсбук профил дека ќе биде во домашна изолација, откако кај кумановскиот градоначалник со кого имаше контакт вчера е потврдено присуството на коронавирусот. – По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е …

Филипче: Од денеска сум во домашна изолација, Read More »

Владата заседава онлајн


Откако се дозна дека градоначалникот на Куманово е позитивен на корона вирусот, а имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче, Владата денес реши седницата да ја одржи онлајн – преку видео конференција. Ова ќе биде првпат Владата да заседава на ваков начин, веројатно за да ги испочитува сопствените препораки …

Владата заседава онлајн Read More »

Османи: Ќе се изолирам до вторник


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил напиша дека одлучил да не присуствува на состанокот на Советот за безбедност и да се изолира до вторник, бидејќи вчера бил на средба со градоначалникот на Куманово кој потврди дека е позитивен на корона вирусот. – По позитивната потврда за Ковид-19 на градоначалникот на …

Османи: Ќе се изолирам до вторник Read More »

Шекеринска најави присуство на АРМ во повеќе градови


Министерката за одбрана и заменичка претседателка на Владата Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана. – Можам да најавам дека …

Шекеринска најави присуство на АРМ во повеќе градови Read More »

Советот за безбедност без Спасовски, Филипче и Османи


Иако требаше да почне во 12 часот, доцнеше состанокот на Советот за безбедност кај претседателот, бидејќи се чекше дали на него ќе дојдат премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче. Според последната вест, тројцата откажале присуство. Тројцата функционери ги затече веста дека и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има корона вирус, а …

Советот за безбедност без Спасовски, Филипче и Османи Read More »

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19


Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предмалку на социјалните мрежи објави дека меѓу новите 40-те кумановци позитивни на тестот е и тој. Димитриевски во објавата споделена на Фејсбук ги охрабрува кумановци дисциплинирано, заеднички да продолжат со битката против заедничкото зло. –  Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани …

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19 Read More »

Охрид без туристи за велигденските празници, православните верници Воскресението христово ќе го слават дома


Првпат во поновата историја Охрид, центарот на православието во овој дел од Европа, овие велигденски празници ќе ги дочека без верници во храмовите. Продолжениот полициски час воведен како мерка за справување со епидемијата на коронавирусот значи дека нема да има никакви верски собири по црквите, односно дека верниците ќе мора празниците да ги минат во …

Охрид без туристи за велигденските празници, православните верници Воскресението христово ќе го слават дома Read More »