Владата заседава онлајн


Откако се дозна дека градоначалникот на Куманово е позитивен на корона вирусот, а имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче, Владата денес реши седницата да ја одржи онлајн – преку видео конференција.

Ова ќе биде првпат Владата да заседава на ваков начин, веројатно за да ги испочитува сопствените препораки – секој што имал средба со заразен од корона вирус да се самоизолира. Вицепремиерот Османи веќе го најави тоа, а дали тоа ќе го сторат и премиерот и министерот Филипче се уште нема информација, освен овој сигнал од Владата.

Според фотографиите од средбата вчера градоначалникот Димитриевски на моменти не го почитувал протоколот за заштита и ја вадел маската и не ни кажал дека веќе се тестирал.