Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу полошките општини


По објавувањето дека во последните 24 часа во Тетово има заразени нови 6 лица, општина Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу општините. Барањето, кое го подржува и општина Боговиње веќе е упатено до Владата.

„Општ заклучок е дека имаме нови 6 заразени лица со тенденција за зголемување на бројот, сите треба да нè направи да бидеме посвесни. Општина Тетово поддржанa и од општина Боговиње, вчера до кризниот штаб во Владата упати барање за целосен прекин на сообраќајот меѓу полошките општини, поради тоа што овие денови има тенденции да се зголемува бројот, па затоа ова е една дополнителна мерка. Верувам дека Владата и кризниот штаб ова ќе го прифатат“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Во Тетово и Гостивар има големи редици пред банките и маркетите, а поголем дел од граѓаните не држат растојание. Ако ваквите собирања продолжат и во наредните денови, од општината велат дека ќе бараат од Владата да преземе построги мерки.