Спасовски: Одам во изолација, Владата ќе функционира непречено


Премиерот  Оливер Спасовски преку видео порача дека по препорака на епидемиолозите оди во домашна изолација, но дека  Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом.
Воедно за Велигденските празници, премиерот Спасовски упати апел до граѓаните  да покажат одговорност и да ги почитуваат препораките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

-По веста дека градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски има позитивен резултат на тестот за коронавирус, а со оглед на фактот дека вчера имавме средба на заедничкиот состанок на општинскиот кризен штаб, во насока на почитување на препораките на епидемиолозите – јас одам во домашна изолација.
На градоначалникот Димитриевски му посакувам успешно закрепнување и добро здравје.Од мојот дом непречено ќе ги извршувам сите мои работни обврски како премиер.

Владата ќе функционира непречено, преку интернет конференциската врска и ќе ги извршуваме секојдневно обврските и приоритетите во овие вонредни услови. Кризниот штаб и Владата, како и во изминатите денови ќе се состануваат секој ден, преку видео врска“, порача Спасовски.

Ширењето на коронавирусот , додаде тој, е во рамки на очекуваното и  земјата се движи според проектираното контролирано сценарио, без екстремно висока експанзија на новозаболени, при што расте бројот на излечени.
-Пред два дена сите се израдувавме, имавме 42 оздравени наши граѓани само во еден ден.За ја задржиме постоечката контрола врз ширењето, и за да дојдеме до моментот кога бројот на излечени ќе станува поголем од бројот на новозаболени, мора секој од нас да даде придонес.Потребен е сериозен и одговорен однос од секој од нас. Само така ќе успееме, порача премиерот.

Тој побара физичката дистанца од два метри сите да ја разбереме како правило, а за  Велигденските празници, да покажеме одговорност, смиреност и да ги обезбедиме неопходните намирници и потреби во достоинствен ред исто така со два метри дистанца од секого.

-Мерките важат за сите. Ама за сите. Не смее и нема да има привилегирани. Нема да отстапиме ни педа. Забраната за движење е забрана за сите. Забраната за групирање е забрана за сите.Здравјето и животот, тие се единствените причини за овие забрани. Забраната за движење и за групирање значи и забрана за неконтролирано ширење на вирусот.Свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигденот, ве уверувам – има начин. Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот, порача премиерот во видеото.алување на рестрикциите.