Црн ден во Македонија, од Ковид-19 починаа 22 пациенти, новозаразени 561


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.901 тестирање, а регистрирани се 561 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4. […]

Три жени од Кочани и Делчево починаа на штипското Инфективно одделение


Три жени од Кочани поради компликации од коронавирусот починаат на Инфективно одделение во Клиничка болница-Штип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека две пациентки се од Кочани, а една од Делчево и се на возраст од 49, 61 и 81 година. Изминатите 24 часа на ова одделение се лекуваат 54 пациенти, со […]

Синот на Амди Бајрам: „Татко ми почина од мозочен удар, не од коронавирус“


„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен“, изјави за „Фокус“ синот на Амди бајрам, Габриел. „Дента пред да почине, сè беше во ред, никој не […]

Џафери: Потребни се алтернативни решенија за работата на Собранието во алтернативни услови


– Претседателот на Собранието Талат Џафери нагласува дека мора да се најдат алтернативни решенија за работата на законодавниот дом во алтернативни услови, осврнувајќи се на новонастанатата ситуација со работата на пратениците во услови на пандемија на Ковид-19. Џафери во интервју за Радио Слободна Европа говори за тоа како ќе работи Собранието, откако неколку пратеници се […]

Без вода дел од корисниците во Ѓорче Петров


Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, улица „1223“, „Гостиварска“, „Кадињача“, „Андон Папрадишки“, „Александар Македонски“, „Љубин“, „Андреј Зографски“, „Смилевска“, „Панајот Гиновски“, „Жеденска“, „Островска“, „Драговити“ и дел од „Борис Серафов“. Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 150мм. на улица „Црногорска“ […]

Штефица Ујчиќ од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ e просветен работник на годината


Признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 го доби професорката по физика Штефица Ујчиќ од кумановската гимназија „Гоце Делчев“. Професорката Ујчиќ работи од 1983 година. За неа, наградата е признание што не го сфаќа лично, туку комплетно за учесниците во образовниот процес, учениците, колегите, училиштето, општеството. Критериумите за избор на просветен работник ги одредува […]

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат


Би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган што ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна. Различни ни се приоритетите како органи, посочи градоначалникот на Град Скопје на дебатата „Како до ефикасни и независни […]

Болниците се полнат, Филипче најави зголемување на термините за тестирање


Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа е забележано зголемување на бројот на новозаразените. Четиристотини и четири новозаболени од Ковид -19 се регистрирани вчера во земјава. Вчера биле […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. […]

Во болница се лекуваат 595 пациенти од Ковид-19


Со денешните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болница се лекуваат 595 пациенти. Од нив на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 […]

Аеродром на врвот со 656 активни случаи со Ковид-19


Откако денеска во Скопје беа забележани 172 нови случаи со Ковид-19, скопската Општина Аеродром е на врвот со најмногу активни случаи со корона вирус – 656. Следуваа Карпош со 522 и Центар со 506. Гази Баба има 420, а Кисела Вода 395. Другите општини се под 300. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување […]

Денеска починаа 14 пациенти со Ковид-19, новозаразени се 404 лица


Во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 172 – Куманово 15 – Дебар 4 – Штип 8 – Прилеп 25 – Тетово 41 – Струга 4 – Велес 6 – Битола 4 – Охрид 11 – Кавадарци 5 – Гостивар 20 – Гевгелија […]

Ќе се отвори ковид центар во Струмица, а можно е и да се праќаат болни во странство


Заради исполнетите капацитети за сместување на ковид-пациенти во целосна координација сме за префрлање на пациенти од штипската болница во Кочани, а тука, во Струмица, разговаравме за тоа како да се надополни кадарот, пред се, од колегите од интерна медицина и инфективното одеделение. Разговаравме и како постепено да се подготви и новото крило на болницата, кое […]

Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба, вели министерот Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести. На новинарското прашање во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште […]

Филипче нема да поднесе оставка, ѝ порача на опозицијата да не политизира со пандемијата


Министерот за здравство Венко Филипче не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата. Тој денеска во Струмица ја повика опозицијата да ја тргне политиката настрана од борбата против пандемијата со Ковид-19. Нагласи дека од почетокот на кризата целиот тим работи професионално и никогаш не се обиделе да внесат политиканство во […]

Субвенционирани 5.000 ивертери, завршува јавниот повик


  Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 5.000 пријави. Во согласност со овие бројки, ги информираме граѓаните дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за […]

Три автомобили и автобус се судриле во Сопиште


Во петокот, во 18.20 часот било пријавено дека во Сопиште-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(36) од Скопје, патничко моторно возило “матиз“ со скопски регистарски ознаки,, управувано од И.Б.(47) од Скопје, патничко моторно возило “цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Ѓ.(70) од Скопје […]

Филипче: Од денеска двојно се зголемуваат болничките капацитети и тестовите


Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека од денеска се зголемуваат капацитетите во болниците и бројот на тестови. „Ги зголемуваме термините, но и бројот на тестови за Ковид-19. Дадовме насока на сите лаборатории за време на празникот и викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања. […]

Стојанов: Можен е и полициски час, медицински кадри фалат


Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптерети премногу здравствениот систем за да […]

Бочварски очекува магистралниот гасовод да биде готов следната година


Изградбата на магистралниот гасовод Куманово- Штип- Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација, а гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар има над 60 процентна реализација, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој очекува двата крака да бидат готови следната година. – Веќе подготвуваме и краци за поврзување на Свети Николе и Велес и уште еден крак за […]