Магла на Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози


Поради појава на магла, намалена видливост до 30 метри има на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.