Од Ковид почина осудениот гинеколог Николче Дамчевски


Во Софија како последица на компликации од Ковид-19 почина избеганиот гинеколог Николче Дамчевски.

Дамчевски беше македонскиот гинеколог осуден на две години затвор за измама на пациентка дека била бремена. Лекарската комора му ја одзеде лиценцата на седум години.

Откако македонската полиција не успеа да го спречи да избега Дамчевски прегледуваше пациенти во медицинска установа во Софија, бидејќи беше дипломец на бугарски медицински факултет. Од таму му беше прекинат работниот однос откако од македонските медиуми беа информирани за тоа дека против него се води процес и одземена му е лиценцата.

Нашата лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа откако беше правосилно осуден, а судските власти, покрај затворот, му забранија да работа седум години. Гинекологот Дамчевски беше осуден за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување.