Ќе никнат ли ветерници во Осоговието?


Ветерниот парк кај Богданци

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, оствари средба со менаџментот на компанијата „Вентус”, потенцијален инвеститор за изградба на ветерници на Козјачко-Осоговскиот Планински масив.

-Според она што е договорено, во почетокот на 2021 година е планирано поставување на две мерни станици и тоа, една на локалитетот Биљино и една на Осоговието, преку кои ќе се добијат првите валидни параметри. Во втората фаза, со помош на странски стратешки партнер од Германија,  предвидена е изградба на  66 ветерници, информира градоначалникот Мицевски.

Посочи дека ваквите инвестиции и искористувањето на сончевата и енергијата на водата и ветерот се основни потенцијали за економски раст и развој на државата.