Филипче: Вакцините против корона вирусот се безбедни


Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓaните дека вакцините против корона вирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата.

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број вакцини за да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

-Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите, истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна