Витаминка обезбеди пристап до едукативна платформа за помош при онлајн учење за децата на своите вработени


Со цел олеснување на образовниот процес Витаминка за своите вработени кои што имаат деца вклучени во онлајн наставата, обезбеди премиум пакети (претплати) за пристап до JetMinds.org – првата и најнапредна едукативна платформа во државата. Со пристапот до оваа платформа учениците на вработените што следат настава на далечина, ќе добиваат дополнително образование и можност за унапредување […]

Случај „Саздовски”: Одбраната бара преквалификација на обвинението


Одбраната на обвинетите во случајот „Саздовски” и обвинителот Јован Стефановски од Вишето ЈО – Скопје, денеска во Апелацискиот суд Скопје ги образложија своите жалби по однос на првостепената пресуда. Бранителот на првообвинетиот Бесир Бела, адвокат Насер Рауфи во објаснување на поднесената жалба истакна дека обвинетите на денот на настанот немале план за тоа што се […]

Затворски полицаец од затворот во Штип заразен со корона вирус


– Затворски полицаец, кој девет дена не бил на работа во Затвор-Штип е инфициран со Ковид-19. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека бројката на позитивни случаи во оваа институција се искачи на пет. Заразени се сега двајца затворски полицајци, лекар, стоматолог и еден осуденик. Здравствена состојба на деветмината осуденици е добра и […]

Претседателот Пендаровски ќе му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир


Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска напладне во претседателската резиденција на Водно ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање. Се очекува на свеченоста обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на Бигорскиот манастир, епископот г. Партениј. Предвидено е […]

Најавените врнежи од дожд може да предизвикаат слевање на водата низ градските улици


Најавените врнежи од дожд, кои се очекуваат од попладне, може да предизвикаат слевање на вода низ градските улици. Локално на некои места можно е и брзо зголемување на водостојот на помалите реки и соводолици, но нема опасност од излевање на поголемите реки, иако кај дел од нив можно е да се зголеми значително водостојот, предупредува […]

Османи: Неодржување на првата меѓувладина конференција во декември е неуспех за сите


Неодржување на првата меѓувладина конференција во декември е неуспех за сите, и за нас и за Бугарија и за германското претседателство, но и за сите учесници во Берлинскиот процес, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи, на прес-конференцијата во пресрет на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020), рече дека самата идеја за […]

Светски ден на одржување хигиена на рацете: Задолжително да се мијат често


Подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции, е пораката на Светскиот ден на одржување хигиена на рацете, што се одбележува денеска под мотото „Хигиена на рацете за сите“. Овој […]

Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии


Доаѓа момент, узурпираните институции, кои системски беа уништувани со години, сега да влезат во еден процес на реорганизација на трансформација и на целосен сервис кон граѓаните, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во емисијата „Економски магазин“, на телевизијата АлсатМ. Николовски посочи дека преку неговата […]

Македонските и бугарските историчари по речиси една година повторно на средба – нов обид за издигнување над политичкиот контекст


Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно ќе се состанат за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Десеттиот состанок на Комисијата, која е формирана со цел да најде заеднички јазик за […]

Нова станица за мониторинг на квалитет на воздух во Гевгелија


Во Гевгелија денеска ќе биде пуштена во употреба нова станица за мониторинг на квалитет на воздух.  Набавката на мониторинг станицата е реализрана во рамки на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот период“, финансиран од INTERREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и – Република Северна Македонија 2014-2020. Мониторинг […]

Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство


Владата на синоќешната седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година, соопшти владината прес-служба. Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност […]

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид-19, најзастапена групата од 30-39 години


Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува да расте. Последната дневна статистика што ја објави вчера Министерството за здравство покажуват дека скоро 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, односно од 2.441 направен тест се регистрирани  445 нови случаи. Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 194 оздравени пациенти, а во болнички услови […]

Претпладне сончево, попладне дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен […]

Аеродром со 400 активни случаи е далеку пред Центар со активно заболени од Ковид-19


Од денешните 445 новозаболени од Ковид-19 во земјава, во Скопје се дури 249. Тоа ја зголеми и бројката на заболени во Општината Аеродром, каде во моментов има 400 активни случаи на заболени, со што оваа општина е далеку пред Центар, каде има 353 активни случаи. Следува Карпош со 344, а Гази Баба и Ѓорче Петров […]

За пописот потребна e јасна политичка изјава дека нема да се злоупотребуваат бројките, порачува Пендаровски


Ќе мора одговорните лидери и на власта и на опозицијата да седнат и да договорат закон за попис кој ќе биде во склад со сите, апсолутно сите највисоки европски стандарди на Еуростат, и второ да договорат, политичка декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот,  се со […]

Имаме исти мерки за заштита од КОВИД-19 со европските земји, но проблемот е во имплементацијата, вели Пендаровски


Од разговорите што сум ги имал со сите луѓе во здравствениот сектор тврдам дека ние не се разликуваме ниту за милиметар од сетот мерки што се преземаат во Холандија, Франција и каде сакате за заштита од КОВИД-19, проблемот е во имплементацијата. Менталитетот на луѓето е таков каков што е, но за жал и менталитетот на […]

Онлајн сервисна служба нуди бесплатна поддршка во образовниот процес за деца со попреченост 


Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со цел да овозможи континуитет во својата работа со децата со попреченост, во партнерство со УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика ја креираше платформата Онлајн сервисна служба, која нуди високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост. Преку платформата, како што соопшти Здружението „Отворете ги прозорците“, се испорачуваат четири вида […]

Нов црн рекорд: 445 заразени од Ковид-19, починаа 9 лица


Со неколкучасовно задоцнување Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа има рекордни 445 инфицирани од Ковид-19. Направени се 2.441 тестирања. И бројката на починати е поголема – денеска животот го загубија деветмина, сите во болница. Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти. Во Скопје има повеќе од половина од новите инфекции […]

Доцни денешната статистика за новозаразени од Ковид-19


Министерството за здравство вечерва испрати извинување до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состојбата со Ковид-19 во нашата земја. – До овој момент сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје. Веднаш штом пристигне дневниот извештај, истиот ќе биде проследен до јавноста, информираат од Министерство за здравство.

Мијалкови позитивни на Ковид-19


Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19, потврди за Плусинфо неговиот бранител Љупчо Шврговски. Шврговски вели дека на Мијалков усно му било кажано дека е позитивен и дека допрва го чека решението. Адвокатот се слушнал со Мијалков и вели дека тој засега се чувствува добро и дека анализите на крвта му биле добри. […]