Стабилно и суво до петок, за викендот на повисоките места снег


Фото: Б. Грданоски

Стабилно и суво време ќе преовладува до крајот на работната недела, додека за време на викендот метеоролозите најавуваат врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

Според УХМР, до петок ќе биде стабилно и суво со појава на магла и ниска облачност по котлините.

Утринските до петок некаде ќе се спуштат под нулата и ќе се движат од минус три до шест степени, а дневните од шест до 15 степени, за викендот утринската ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 12 во сабота и од три до осум во недела.