Прва мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”


 Министерството за труд и социјална политика заедно со УНДП ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Апликацијата ќе им помогне на жртвите на семејно насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога имаат потреба од поддршка.

-Со вклучување на геолокаторот само со еден клик жртвите го испраќаат својот мобилен телефонски број и точната локација на која што се наоѓаат до Националната СОС линија за жртви на семејно насилство. Веднаш потоа, жртвата ќе биде исконтактирана од одговорните лица. Апликацијата е најпотребна токму сега, во период на корона криза, кога постои ризик случаите на семејно насилство да се зголемат, велат од МТСП.

Преку опцијата „Важни контакти” може да се исконтактираат сите институции и здруженија на граѓани кои даваат помош и поддршка на жртвите на сите видови на родово базирано насилство.

– Оваа апликација нуди многу можности, вклучувајќи ја и опцијата корисниците да си изберат броеви за поддршка од својот именик, член од семејството, личност од орган, институција, невладина организација или било која друга личност на која ѝ веруваат. Исто така апликацијата има едукативни и информативни содржини, вклучувајќи информации за правата на жртвите, практични совети за заштита, лични сведоштва на жртвите, како и целиот протокол за меѓусебна соработка на надлежните институции и здруженија за заштита и спречување од семејно насилство, се вели во соопштението од МТСП. 

Апликацијата е достапна за користење од сите паметни телефони.